Потрошувач
Потрошувач — секое физичко или правно лице кое купува производи или користи услуги за непосредна сопствена потрошувачка за цело кои се надвор од неговата трговска активност, бизнис или професија.[1]
Во економски контекст, потрошувачот се одликува со способност да избира помеѓу понудените конкурентни стоки и услуги. Во однос на микроекономија, тој е определен како физичко лице кое надвор од рамките на својата трговија, дејност и професија, склучува договор со даден доставувач.[2]
Во правен контекст, потрошувач е личност, заштитен со закон за заштита на потрошувачите, која прифаќа понуди кои ги задоволуваат неговите лични потреби, без комерцијална цел.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Член 4 став 1 од Закон за заштита на потрошувачите (Службен весник на Република Македонија бр. 38/2004, 77/2007, 203/2008, 24/2011 и 164/2013)
- ↑ Cross, Robert G. (1997). Revenue management: hard-core tactics for market domination. Broadway Books. стр. 66–71. ISBN 978-0-553-06734-7.
- ↑ Krohn, Lauren (1995). Consumer protection and the law: a dictionary. ABC-CLIO. ISBN 978-0-87436-749-2.