Потрага по среќа (филм)

Филмот “Потрага по среќа“ (англиски: „The Pursuit of Happyness“) е американска, биографска драма од 2006 година, во којашто е раскажана една година од животот на Крис Гарднер додека тој се бори против бездомништво. Филмот е во режија на Габриеле Мучино, а главната улога ја има Вил Смит и го глуми ликот на Гарднер, еден продавач којшто од време на време останува без кров над глава, но потоа станува брокер. Синот на Смит, Џејден Смит ја има улогата на синот на Гарднер, Кристофер Џуниор и со ова тој ја започнува својата филмска кариера.

„Потрага по среќа“
РежисерГабриеле Мучино
ПродуцентВил Смит
СценаристСтивен Конрад
РаскажувачВил Смит
Главни улоги
МузикаАндреа Гера
КинематографијаФедон Папамихаил
МонтажаХјуз Винборн
Студио
Дистрибутер„Columbia Pictures“
Премиерадекември 15 2006 (2006-12-15)
Времетраење117 минути
ЗемјаСоединети Американски Држави
Јазиканглиски
Буџет55 милиони американски долари
Бруто заработка307 077 300 американски долари

Сценариото, коешто го напишал Стивен Конрад, се заснова врз најпродаваната биографија на Гарднер во соработка со Квинси Труп. „Columbia Pictures“ го издаде филмот на 15 декември 2006 година. Поради својата изведба, Смит доби номинација за најдобар глумец за „Оскар“ и „Златен Глобус“ . Во насловот на филмот има една невообичаена печатна грешка којашто Гарднер ја забележал на еден натпис кога останал без кров над главата. Во филмот, именката „happiness“ е напишана како „happyness“ на надворешната страна од детската градинка во којашто оди синот на Гарднер.

Кратка содржина

уреди

Во 1981 година, во Сан Франциско, Крис Гарднер (Вил Смит) ја инвестира целата своја животна заштеда во преносливи скенери за густина на коска, коишто се обидува да им ги презентира и да им ги продаде на докторите. Но оваа инвестиција предизвикала повеќе проблеми од колку што требало и ја довела фамилијата до финансиска криза. Поради ова, неговата сопруга Линда (Тенди Њутн) го остава и се преселува во Њујорк. Нивниот син, Кристофер (Џејден Смит) останува со својот татко. Еднаш додека Крис се обидува да продаде еден од неговите скенери во центарот на градот, се запознава со Џеј Твистл (Брајан Хов), којшто е менаџер во брокерската куќа „Dean Witter“ и се изненадува кога Крис успева да ја намести рубиковата коцка за кратко време додека се возат во такси. Крис нема доволно пари за да го плати возењето со такси и затоа трча накај станицата за метро и одвај успева да му побегне на бесниот таксист. Но, во меѓувреме губи еден скенер за коски. Поради новото пријателство со Твистл, добива шанса да аплицира за пракса во брокерската куќа, но нема да добива никаков надомест за тоа.

Неговата апликација е одобрена и покрај тоа што во новата канцеларија ќе се појави неуредно облечен бидејќи претходниот ден беше уапсен за неплаќање на сметки за паркинг (а претходно го варосувал станот). Ситуацијата на Крис ќе се влоши уште повеќе кога „Службата за внатрешни приходи“ ќе издаде налог да му ја блокираат банкарската сметка поради неплатени даноци и затоа тој и неговиот син ќе мораат да се иселат од куќата. Крис останува без пари, со помалку од триесет долари на својата сметка. Тие ќе останат без кров над главата и затоа, во еден момент се приморани да останат во тоалетот на една станица за метро. Поради ова, ќе се реши да ја најде „Меморијална Евангелиско-методистичка црква“, каде што има засолниште за бездомници, главно за самохрани мајки и деца. Одговорната во црквата не му дозволува да престојува таму, бидејќи тоа е наменето само за жени и деца, но му кажува за една локална црква каде што исто така се нуди засолниште за бездомници, но местото е многу мало. Крис мора секое попладне да трча додека се враќа од пракса, поради ограничениот број на соби. Тој го наоѓа скенерот, што го изгуби на станицата од метрото кај еден луд човек, којшто мисли дека тоа е временска машина. Скенерот е расипан, но Крис на крај успева да го поправи.

Тој е обесправен од неговото ограничено работно време и знае дека единствен начин да ја добие платената работна позиција, за којашто се борат тој и неговите 19 конкуренти е да оствари најголем број контакти со клиентите и најголем профит. Поради ова, Крис на илјада начини се обидува да оствари поголем профит преку телефонски повици, ги надминува стандардите на протоколот и го постигнува највисокиот потенцијален број на клиенти. Една случајна прилика ќе им овозможи на него и на неговиот син да присуствуваат на натпреварот на американскиот фудбалски тим „ San Francisco 49ers“. Крис, и покрај неговите предизвици, никогаш не им кажува на своите соработници за лошите услови во коишто се наоѓа, па дури еднаш му позајмува пет долари на еден од неговите газди, што претставува преголема сума за него.

По завршувањето на праксата, го викаат на состанок со неговите менаџери. Тие му плаќаат за неговата работа и му ја нудат работната позиција за којашто аплицираше. Воздржувајќи се да не заплаче, брза да го земе својот син од детската градинка и го гушка. Тие одат по улицата, се шегуваат еден со друг и среќаваат еден човек облечен во костум (вистинскиот Крис Гарднер се појавува на кратко). Епилогот ни открива дека Крис ја создал својата сопствена мулти-милионерска брокерска куќа.

Глумечка екипа

уреди
  • Вил Смит во улога на Крис Гарднер
  • Џејден Смит во улога на Кристофер Џуниор
  • Тенди Њутн во улога на Линда Гарднер
  • Брајан Хов во улога на Џеј
  • Ден Касталанета во улога на Алан Фракеш
  • Џејмс Карен во улога на Мартин Фром
  • Курт Фулер во улога на Волтер Рибон
  • Такејо Фишер во улога на Госпогица Чу

Продукција

уреди

Разработка

уреди

Крис Гарднер сфатил дека неговата приказна може да се реализира во Холивуд по бурните реакции на народот на неговото интервју за магазинот „20/20“ во јануари 2002 година. Тој ја објавил својата автобиографија на 23 мај 2006 година, а подоцна соработувал во продукцијата на филмот. Но, во филмот има некои отстапки од вистинската животна приказна на Гарднер. Одредени детали и настани коишто траеле неколку години, биле прикажани за релативно кратко време, а синот на Гарднер којшто во тоа време бил само детенце го глуми осумгодишниот Џејден, којшто е претставен како дете на петгодишна возраст.

Поделба на улоги

уреди

Како што се зборува, Крис Гарднер сметал дека погрешиле што улогата на неговиот лик му ја доделиле на Вил Смит, којшто се смета за најдобар глумец за своите изведби во акциски филмови. Но тој рекол дека неговата ќерка го поправила со тоа што рекла „Ако Смит можел да го одглуми Мухамед Али, сигурно дека може да те одглуми и тебе!“

Снимање

уреди

Гарднер само на кратко се појавува во последната сцена, кога поминува покрај Вил и Џејден. Гарднер и Вил се препознаваат , а потоа Вил се врти и го гледа Гарднер како си заминува, а неговиот син продолжува да му кажува шеги за „чук-чук“.

Музика

уреди

Музичката куќа „Varèse Sarabande“ го издаде албумот со песни во композиција на Андреа Гера, на 9 јануари 2007 година.

Песни
Бр. Наслов Траење
1. „Opening“   3:09
2. „Being Stupid“   1:39
3. „Oeee Balle Balle shakti“   1:30
4. „Trouble At Home“   1:30
5. „Rubiks Cube Taxi“   1:53
6. „Park Chase“   2:29
7. „Linda Leaves“   4:02
8. „Night At Police Station“   1:36
9. „Possibly“   1:45
10. „Where's My Shoe“   4:20
11. „To The Game/Touchdown“   1:37
12. „Locked Out“   2:20
13. „Dinosaurs“   2:40
14. „Homeless“   1:55
15. „Happyness“   3:50
16. „Welcome Chris“   3:45
Вк. траење:
40:00

Во филмот се пушта и краток дел од песната „Higher Ground“ од Стив Вондер.

Споредба со вистински настани

уреди

Иако филмот е многу верен на вистинската приказна, сепак постојат некои мали разлики. Една од најголемите промени тоа што синот на Крис Гарднер во филмот има 5 години, а во вистинскиот живот има само две. Апсењето е исто така различно. Во филмот, Крис беше уапсен за неплатени сметки за паркинг, а во реалниот живот, двајца полицајци доаѓаат во куќата откако Џеки го обвинила за семејно насилство. За време на судската истрага, судијата дознал дека тој ги нема платено сметките за паркинг.

Крис, во ниедно интервју или пак во својата книга, не спомнува дека некогаш поради невнимателно поминување на улицата го удрило автомобил. Во филмот, Крис продава скенери за коски, а додека во вистинскиот живот тој продавал медицински набавки (покрај тоа и косачки за трева), но никогаш нема изјавено дека продавал скенер за коски.

Издавање

уреди

Буџет

уреди

Најпрвин, филмот дебитираше во Северна Америка, со заработка од 27 милиони американски долари за време на викендот кога премиерно се емитуваше и ги надмина филмовите како што се „Ерагон“ (од анг. „ Eragon“)и „Пајажината на Шарлота“ (он анг. „ Charlotte's Web“). Ова е едно од шесте последователни отворања на Смит коишто се рангирани на прво место, како и еден од бестселерите на Смит од 100 милиони американски долари. Филмот заработи 162 586 036 американски долари на домашно ниво, во Соединетите Држави и во Канада. Градоначалникот на Чатануга, Тенеси, со надеж дека ќе ги поттикне потчинетите граѓани да добијат финансиска независност и да преземат поголема одговорност за доброто на своите семејства, организираше гледање на филмот за бездомниците од градот. И самиот Гардер сметаше дека е неопходно да се сподели неговата приказна заради распространетите општествени проблеми. „Кога зборувам за алкохолизам во семејството, семејно насилство, злоупотреба на деца, неписменост и сите такви проблеми – тоа се универзални проблеми, а не се распространети во границите на државите.“-вели тој.

Домашни изданија

уреди

Изданието на „DVD“ od филмот излезе на 27 март 2007 година и до ноември 2007 година, заработката од продажбата на ова издание во Регионот 1 од Соединетите Држави изнесуваше дополнителни 89 923 088 американски долари, што е нешто помалку од половината сума што беше заработена во првата седмица од издавањето. Продадени се околу 5 570 577 копии, со заработка од 90 582 602 американски долари.

Прифатеност

уреди

Критички осврт

уреди

Филмот воглавно доби позитивни оцени од критичарите. 66% од вкупно 166 критики на мрежното место за филмски критики „Rotten Tomatoes“ биле позитивни. Мик Ласал од весникот „ Сан Франциско Хроникл“ (од анг. San Francisco Chronicle“) забележува: Големото изненадување од приказот е тоа што не е банален.. Убавината во филмот лежи во неговата искреност. Во кратки црти, тоа не е обична успешна приказна, прикажана на екранот, во којашто по одреден период на разочарувања, следува успехот како подарок заврзан со панделка. Туку оваа успешна приказна ја следи патеката, којашто најмногу соодветствува на секојдневниот живот – бележи неколку разочарувачки неуспеси и порази, пропуштени прилики, сигурни работи коишто не се случиле и кај кои е присутен постепен пораст на одвај забележливи успеси, кои постепено водат кон нешто. Со други зборови, сѐ изгледа вистинито.

Манола Дарџис од весникот „Њујорк Тајмс“ (од анг. „The New York Times“) го нарече филмот „бајка со вистинска тежина... овој вид на претстава којшто полека оди надолу сѐ додека не заглави во вашата гуша“... Филмот е ист како старите приказни коишто се пробиле со свои сопствени сили, американски сон којшто е вешто прераскажан и вешто продаден. За да се стигне до тој предвиден крај, снимањето на филмот чисто, едноставно, искрено, најдобро се вклопува со топлата изразеност на г-дин Смит... Дали мислите дека оваа емоционална приказна може да зависи од она што толку убедливо ве освојува од изведбата на г-дин Смит и неговиот син, со што ја добивате идејата дека сиромаштијата е знак за лоша среќа и лошиот избор, а успехот е резултат на херојски потези и соништа.“

Питер Траверс од весникот „Ролинг Стоун“ (од анг. „Rolling Stone“) го оцени филмот со три од можни четири ѕвездички и коментираше, „Духовната сила „Шакти“ секогаш води кон Оскар...нејзиното дејство има потреба од сериозност, памет, шарм, хумор и душа којашто не е вештачка. Смит ги поседува сите овие работи. Тој е вистинскиот избор.“

Брајан Лоури од „Вараети“ (од анг. „Variety“)вели дека филмот повеќе инспирира отколку што е креативно инспириран – исполнет со издигнувачки, воншколски квалитети коишто може да предизвикаат голема забоболка... Лесно е да се восхитуваш на искрената изведба на Смит. Но тонот на филмот, којшто е ужасно сериозен треба да ја изопачи својата тага кај дел од публиката, којашто искрено, претвори многу од сентименталните филмови во хитови ... Во крајна мера, помалку завршува како и самиот решителен продавач, г-дин Гарднер: сигурно дека е лесно е да се бара нешто но, не е толку забавно за да се помине време со него.“

Кевин Краст од весникот „Лос Анџелес тајмс“ (од анг. „Los Angeles Times“) изјави: „Драматично му недостигаат некои делови од филмот „Крамер против Крамер“ (од анг. „Kramer vs. Kramer“), со којшто има толку многу сличности... Иако главната тема е толку сериозна, сепак филмот е лежерен и се потпира врз улогата на глумецот којашто му дава енергија. Дури и во уште поскромен приказ, Смит е привлечен протагонист и ги прави маките на Гарднер несовладливи... Филмот “Потрага по среќа“ (од анг.„The Pursuit of Happyness“)е еден обичен филм со необична изведба... Постојат полоши начини за да ги поминете празниците, а овој филм ако не друго, ќе ве натера да ги цените вашите околности.“

Стив Персал од весникот „ Санкт Петербург тајмс“ (од анг. „St. Petersburg Times“) го оцени филмот со оцена „В“ и додаде дека „е драма, којашто сериозно ја прифаќа одговорноста задолжително ве направи да се почувствувате убаво за време на празниците ... филмот поставува многу пречки и нуди многу решенија пред својот јак херој, со многу чувствителност и случајност да ги направи сомнителни... Ни ракописот на Конрад, ниту пак режијата на Мучино којашто изобилува, не покажува што е она што го охрабрило вистинскиот Крис помеѓу поучените и поискусните кандидати, туку тоа е искажано преку искрената изведба на двајцата Смит. За таткото Вил е реткост да се покаже толку зрело на екранот, а на крајот покажува емоции коишто вредат за „Оскар“. А, пак малиот Џејден е деланка од старото дрво, којшто е невообичаено слободен пред камерите. Врската помеѓу нив во вистинскиот живот е од непроценлива вредност за нивниот однос пред камерите, иако Конрад никогаш не го почувствувал тоа, со каква било противречност.“

„Online“ магазинот „Нешанл Ривју Онлајн“ (од анг. „National Review Online“) го рангираше филмот на 7 место на својата список на „Најдобри конзервативни филмови“. Линда Чавес од „Центарот за еднакви можности“ напиша: „овој филм совршено им противречи на „Вол Стрит“ и другите холивудски пристрасни критичари, со тоа што го опишува светот на финансиите, исполнет само со алчност.“