Последниот век од сефардската заедница: Евреите од Монастир (Битола), 1839-1943 година

Последниот век од сефардската заедница: Евреите од Монастир (Битола), 1839-1943 година -е книга од Марк Кохен во издание на Унапредување на сефардските студии и култура; Прво издание (1 јуни 2003 година) 432 страници , Њујорк (град) , 2003 година[1].

Книгата го опфаќа периодот од 1839 година, време кога европските идеи за образование, мода, забава и политика се инфилтрираа во секој аспект од животот во Отоманската империја. Отоманските Сефарди, потомци на шпанските Евреи прогонети во 1492 година, требало да претрпат огромни промени во нивното образование, поглед и семеен живот.

Во Монастир (Битола), серија пожари ги иницираа овие промени рано и драматично. Еден век подоцна, во 1939 година, започнала Втората светска војна а Евреите од Битола се соочиле со исчезнување. Последниот век на сефардската заедница: Евреите од Монастир, 1839-1943 година, е првата книга што ја раскажува оваа драматична приказна.

Исто така, за првпат се претставени ретки фотографии и илустрации, оригинални преводи на сефардскиот фолклор во Битола и комплетен список на Евреите од Битола кои биле депортирани во концентрациониот логор Треблинка.

Наводи

уреди