Последната лудост на Клер Дарлинг

„Последната лудост на Клер Дарлинг“ (француски: La Dernière Folie de Claire Darling) – филм на режисерката Жили Бертучели (Julie Bertuccelli) од 2018 година. Режисерката е авторка и на сценариото, заедно со Марион Дусо (Marion Doussot) и со Мариет Десер (Mariette Désert). Филмот е снимен според романот „Последната гаражна распродажба на Фејт Бејс Дарлинг“. Главните улоги ги играат: Катрин Денев (Catherine Deneuve), Алис Таљони (Alice Taglioni) и Кјара Мастројани (Chiara Mastroianni).[1]

Синопсис

уреди

Едно утро, Клер (ја игра Денев) се буди со чувството дека тоа е нејзиниот последен ден во животот, па решава да го продаде целиот вреден имот. Кога толпата љубопитни соседи ќе започне да се бори за нејзините антиквитети, Клер наеднаш се присетува на својот трагичен и несреден живот. Во меѓувреме, една стара пријателка на Клер ја предупредува нејзината ќерка Мари дека мајка ѝ ги распродава своите работи. Иако веќе долго време не одржува контакти со мајка си, Мари се враќа за да ја запре распродажбата и да ја открие причината за мајчината одлука...

Наводи

уреди