Португалска гитара
Португалската гитара е 12-жичен инструмент со потекло од средниот век, заснован на цитрата и арапската лејта.
Историја
уредиПостои општо погрешно сфаќање дека нејзиното потекло е поскорешно и е поврзано со таканаречената англиска гитара. Фактот е дека, во определен период, најдобрите акордни инструмент од овој и други типови биле изработувани во Англија, особено таканаречените цитери. Сепак, португалската гитара не е цитер и има попримено многу источни влијанија поврзани со арапската лејта. Најверојатно таа е локален производ од средновековната цитара воведувајќи некои арапски елементи.
Гонсало Паредес и Флавио Родригеш, помеѓу другите, биле најпочитуваните композитори во рамките на традиционалниот стил, но Артур Паредес бил бунтовен и создал далеку поагресивен, драматичен и софистициран пристап. Работејќи заедно со семејството Грасио од Куибра (неговиот роден град), Паредес буквално го ре-измислил и ре-изградил инструментот со поглед на работите кој отворал повеќе можности за поостар звук со подолга трајност, и овозможувал посложени звуци со поголем асортиман. Карлош Паредеш, синот на Артур, создавал нови мелодии и ја претворил португалската гитара во концертен инструмент, свирејќи со џез музичари како Чарли Хејнд, помеѓу другите. Во исто време, во Куибра, Антонио Брожо и Антонио Португал ги развивале и португалската гитара и стилот фадо де куибра, надминувајќи ги претходните ограничувања во компонирањето и импровизацијата.
Штимање
уреди6. пар: B (си)
5. пар: A (ла)
4. пар: E (ми)
3. пар: B (си)
2. пар: A (ла)
1. пар: D (ре)