Портрет на девојка
Портрет на девојка – слика од Александар Ѓаконов. Сликата е цртеж на хартија, завршена во 1900 година со димензии 34 х 32 см и се наоѓа во Музејот на Битола.
Творец | Александар Ѓаконов |
---|---|
Година | 1900 |
Димензии | 34 см × 32 см |
Место | Народен музеј, Битола |
Опис
уредиНа сликата „Портрет на девојка“ е претставена млада девојка. Десната рака и е потпрена на долниот дел од лицето, под брадата. Косата ѝ е брановидна со внимание подготвена. На задниот дел од главата има нежна свилена шарпа. Облечена е во фустан со многу елегантни набори и малечко елече. Насликана е во духот на виенското сликарство – според облеката, начинот на дотерувањето и според стилот во кои има реалистичко сликање до најситен детаљ особено во сите црти на лицето. Девојката е млада, благо насмевната и среќна во својата младост и привлечност.[1]