Портрет на Господин
Портрет на Господин – слика од Александар Ѓаконов. Сликата е цртеж на хартија, завршена во 1898 година со димензии 34 х 32 см и се наоѓа во Народниот музеј во Битола.
Творец | Александар Ѓаконов |
---|---|
Година | 1898 |
Димензии | 34 см × 32 см |
Место | Народен музеј, Битола |
Опис
уредиНа сликата „Портрет на Господин“ е претставена постар човек – господин. Косата му е побелена со долги бакенбарди. Облечен е со елегантен фрак стилски од крај на 19 век. Високите јаки, однадвор темни одвнатре светли, се високо подигнати до ушите. Претставен е до горното попрсје – до висината на рамењата. Насликан е во духот на виенското сликарство – според облеката, начинот на дотерувањето и според стилот во кои има реалистичко сликање до најситен детаљ особено во сите црти на лицето. Господинот е горд, достоинствен и свечено замислен.[1]