Портал:Франција/Историја на Франција
Современа Франција има скоро иста површина како и некогашниот регион Галија во кој живееле некогашните древни келтски жители Гали. Римскиот државник Гај Јулиј Цезар ги покорил Галите во 1 век п.н.е. и тогаш го присвоиле латинскиот јазик и култура а со тек на времето се формирал францускиот јазик кој денес ќе стане вториот доминантен јазик во светот.Од вториот до петтиот век Галите ја прифатиле христијанската вера. Традиционално, 486 година се смета за годината кога била создадена Француската држава. Создавањето ѝ се поврзува со завладувањето на голем дел од Галија од страна на Хлодовик I, крал на Франките. Франкија, а подоцна Франција е најстарата држава која била создадена во Европа. Името Франција за прв пат се користи во 1190 година, кога кралот Филип II Август започнал да го употребува терминот rex Francie намесо rex Francorum. Прочитајте повеќе