Портал:Таоизам/Избрана статија
Јин и јанг е еден од основните концепти во кинеската филозофија, кој се користи за да се опише како спротивните сили се следат меѓусебно, и взаемно си ги заменуваат местата. Концептот го среќаваме во бројни гранки од класичната кинеска наука и философија, но исто така и во основите на традиционалната кинеска медицина. Концептот за јин и јанг е централен принцип на неколку видови боречки вештини и вежби, како што се таи чи чуан, кунг фу и кигонг.
Врската меѓу „јин“ и „јанг“ често се опишува како сончева светлина која си игра над планина и над долина. Јин (буквално „сеновито место“ или „северен наклон“) е темната страна, додека јанг (буквално „сончево место“ или „јужен наклон“) е светлата страна. Како што се движи сонцето по небото, јин и јанг постепено си ги заменуваат местата, откривајќи го непознатото, и криејќи го познатото. Прочитајте повеќе Прочитајте повеќе