Портал:Семрежје/Избрана статија

Асиметрична дигитална претплатничка линија (Asymmetric Digital Subscriber Line) или АДСЛ (ADSL) е облик на ДСЛ, технологија за комуникација на податоци која врши пренос на истите преку бакарна телефонска жица преку модем.

Разликата помеѓу АДСЛ-от и другите xДСЛ-и e во тоа што протокот на информации во една насока е поголем од протокот во друга, т.е. во тоа што е асиметричен. Затоа АДСЛ-от се користи за пасивно користење на семрежјето: со можност за брзо „преземање“, но не и подигање.

Постојат технички и маркетиншки причини зошто АДСЛ-от е чест вид на семрежјето насекаде. Од технички причини, поверојатно е да има пречки од страната на други кола како ДСЛАМ (каде жиците од повеќе локални јазли се близу една од друга) отколку во просториите на корисниците. Затоа сигналот за подигање е најслабиот и најбучниот дел од локалниот јазол, додека преземачкиот сигнал е најјакиот и најбучниот дел. Прочитајте повеќе