Портал:Светци/Вовед
Светец е збор со кој христијанската религија опишува човек, кого смета за пример за исклучителна светост. Постои разлика во употребата во зависност од различните христијански деноминации. Зборот потекнува од грчкиот збор "άγιος" (Агиос) што значи "свети" или "светец" во Новиот завет, каде е користен за да се опишат следбениците на Исус од Назарет.
Со развојот на христијанството значењето на зборот се променило и често се користи за ознака на одредени личности кои претставуваат пример за следење во верата, кои се почитуваат како инспирација за другите христијани. Прочитајте повеќе