Портал:Парагвај/Вовед
Парагвај (шпански: Paraguay, гварански: Paraguái), или официјално Република Парагвај (República del Paraguay; Tetã Paraguái) е независна држава во Јужна Америка и една од јужноамерикански држави без излез на море. Државата се наоѓа покрај реката Парагвај и се граничи со Аргентина на југ и југозапад, Бразил на исток и североисток и Боливија на северозапад. Бидејќи Парагвај се наоѓа во центарот на Јужна Америка понекогаш се нарекува како Corazón de América или „Срцето на Америка“. Парагвај е поделен со реката Парагвај во источниот дел од земјата, официјално наречен „Источен Парагвај“ или познат како Паранења и западниот регион, официјално наречен „Западен Парагвај“ или познат како Чако.