Портал:Медицина/Избрана статија
СИДА — болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот кој се одликува со прогресивно слабеење на имунолошкиот систем со што пациентите се подложени на голем број инфекции и тумори. Сидата е акроним на францускиот назив за „синдром на стекнат имунолошки дефицит“ (француски: Syndrome d'immunodéficience acquise), а AIDS потекнува од англискиот назив за „стекнатимунодефицитарен синдром“ (англиски: Acquired Immunodeficiency Syndrome).
Постои разлика помеѓу поимите - ХИВ позитивно лице и лице болно од СИДА. Тоа се две поврзани но различни работи кои често погрешно се поистоветуваат. Хив позитивното лице е заразено од ХИВ вирусот што не значи дека има СИДА. До појавата на болеста може да помине период од две до десет години. ХИВ позитивно лице може да изгледа потполно здраво, способна за физичка работа или било која друга активност.
Според податоците во програмата на Обединетите Нации (ООН) и Светската Здравствена Организација (WHO) за хив вирусот и сидата, од појавата на оваа болест, заклучно со 2008 година, во светот вкупно биле заразени околу 60 милиони луѓе, а од сида умреле околу 25 милиони луѓе. До крајот на 2008 година од ХИВ биле заразени околу 31,3 милиони возрасни и околу 2,1 милион деца. (повеќе...)