Портал:Кулинарство/Избран зеленчук
Компирот е растение од видот скриеносеменици од фамилијата помошничка (Solanaceae). Се одгледува во сите делови на Земјата и се користи за исхрана на луѓето и домашните животни, бидејќи поседува подземно стебло богато со скроб. Потекнува од Јужна Америка, поточно од Андите. Видот е доместифициран во јужниот дел на Перу, а во Европа го донеле Шпанците во средината на 16 век.
Компирот е повеќегодишно зелјесто растение, од животната форма геофити - поседува подземно стебло (тубер, од каде и потекнува латинскиот назив) од типот кртоли. Бојата на цветот варира од бела до розова и виолетова, со силно жолто обоени прашници. Одгледуваните вариетети главно се бесполни (без цветови или со стерилни цветови). Опрашувањето во повеќето случаи е надворешно (инсекти, ветер), но постојат податоци за самоопрашување/самооплодување. Сите вариетети на компирот можат вегетативно да се размножуваат со кртоли. Плод на фертилните вариетети се бобинките кои потсетуваат на малите зелени плодови на доматот. Прочитајте повеќе