Портал:Војна/Избрана војна

Втората пунска војна (218.-201.г.п.н.е) е најпозната по тоа што Ханибал ги минал Алпите со карван од слонови и од север ненадејно навлегол во Римското Царство. Но тој всушност не ја постигнал целта - да го освои градот Рим и конечно да го порази.

Ханибал знаел дека римјаните имаат слаба коњица, затоа развил силна коњичка војска, која била главен фактор на успех врз римските легии.

На почетокот, војната се одвивала на три места: во Италија, кајшто Ханибал неколку пати ги победил Римските легии, во Хиспанија кајшто брат му на Ханибал, Хасдрубал Барцид, ги бранел Картагинските колонијални градови со променлив успех, сè додека конечно не се повлекол кон Италија, и во Сицилија, кајшто Римјаните оствариле воена превласт. Прочитајте повеќе