Пореметување на очните капаци

Пореметувањето на очните капаци е вродена мана.

Очен капак
Горен и долен очен капак
Податоци
Артеријаlacrimal, superior palpebral, inferior palpebral
живецгорен: infratrochlear, supratrochlear, supraorbital, lacrimal
долен: infratrochlear, гранки од infraorbital
Назнаки
ЛатинскиPalpebra
(palpebra inferior, palpebra superior)
MeSHкапаци A01.456.505.420.504

Пореметување на очните капаци

уреди

Пореметувањето на очните капаци е вродена мана. Пореметување на очните капаци:

  • епикантусот
  • блефарофимозата
  • анкилоблефаронот.
  1. Епикантус (Epicanthus)- e вродена мана, која се појавува обострано, во вид на вертикални кожни набори кои ги покриваат внатрешните агли на птворот на капакот. Уште се нарекува и монголски набор, заради карактеристичната појава кај жолтата раса.
    Лекувањето е хируршко!
  2. Блефарофимоза (Blepharophimoza)- Претставува состојба кај која отворот на капакот хоризонтално е скратен. Се јавува како вродена мана или стекната кај постари поединци кај кои преку надворешниот агол на отворот од капакот се нависнала кожа поради изгубената еластичност. Меѓутоа во овој случај, отворот на капакот е само привидно скратен во хоризонтален правец, и ако со прст ја повлечеме кожата на капакот хоризонтално во темпоралниот правец ќе приметиме дека има rima palpebralis е со нормална должина.
  3. Анкилоблефарон (Anikyloblepharon)- e потполно или делумно срастување на ивиците на горниот и долниот капак. Ваквото сраснување може да се случи и после сраснати предизвикани лузни од повреди, изгореници и сл.

Деформитети на очните капаци

уреди

Деформитети на очните капаци:

  • Птозис
  • Ентропион
  • Ектропион
  • Блефароспазам
  • Едем на клетките
  • Екцем
  1. Птозис(Ptosys)- претставува спуштеност на горниот капак заради ослабената функција на активното подигање на капакот.
  2. Ентропин(Entropium)- е завртување на работ на очниот капак спрема очното јаболко, така што трепките доаѓаат во допир со површината на рожницата и коњуктивата. Се добива чувство на туѓо тело во окото, гребење и солзење. Има два видови на ентропин: Entropium spasticum и Entropium cictriceum
  3. Ектропион(Ectropium)- е состојба обратна од ентрропинот. Кај ектропинот клетките се одделени од очното јаболко, целосно и делумно завртени нандавор. Коњуктиата е црвена, задебелена, изложена на надворешни влијанија и сушење.
  4. Блефароспазам(Blepharospasmus) - е тоничен грч m.orbicularis oculli, најчесто е рефлексен и настанува со иритација на n.trigeminus кај бројни заболувања на окото.
  5. Едем на клетките(Oedema palpebrarum)- претставува насобирање на течност, претежно во хориумот и сврзното ткиво под кожата на капакот. Отечените капаци се отечени до таа мера да нивното отворање е отежнато или тотално оневозможено.
  6. Екцем(Ekzema palpebrarum)- е алергиска манифестација на кожата на капакот. Најчесто се јавува кај деца со лоши хигиенски навики, кои голедуваат често од кератокоњуктивитис. Екцемот освен на капакот се шири кон околината на кожата на лицето, носот и ушите.

Надворешни врски

уреди

Воспаление на очните капаци Архивирано на 17 август 2013 г. Предлошка:Медиција-никулец