Помош:Добра статија
Имајте во предвид дека:
- Википедија е енциклопедија. Енциклопедиските статии имаат намера да информираат и опишат.
- Таа не е збирка на есеи. Есеите се израз на лично мислење и став. Тоа е добро, но не и за Википедија.
- Еве врска кон список на одлични статии од англиската Википедија;
- еве една таква на тема за името на Гну/Линукс или Линукс;
- еве уште една за Чак Паланиук
- Статиите се уредуваат (менуваат) со клик на врската уреди.
- Статиите се зачувуваат со клик на копчето Зачувај страница.
- Секоја статија има своја страница за разговор (кликни на разговор). Ако сметате да правите големи или битни преправки, понекогаш е добро преправките, или нивната логика, или двете, да ги отворите за дискусија така што ќе ги внесете на страницата за разговор од статијата. Сочекај те одредено време, еден или два дена - ако нема коментари, само напред!
- Пред една статија да се зачува во Википедија, таа треба да се коригира за грешки, граматика и визуелен изглед - со копчето Прегледај ќе ја видите статијата во конечна форма, но без да се зачува. Избегнувајте повеќекратно зачувување на иста статија со мали исправки така што ќе го користите копчето Прегледај да проверите да ли има грешки и како таа ќе „легне“.
- Ако статијата е многу мала, таа треба да се обележи како никулец. Тоа се прави така што во првиот ред на текстот во уреди прозорецот ќе напишете со закривени загради: {{никулец}}
- Една статија може да има повеќе поднаслови; тие се пишуваат со додавање на меѓу еден до четири знаци за еднаквост, две се вообичаени, за куси пасуси нивните поднаслови можат да се пишат со три. Во прозорецот уреди ќе напишете
== Поднаслов ==
или
=== Помал поднаслов ===. - Ако имате повеќе од четири поднаслови, автоматски ќе се направи табеларна Содржина.
- На првиот пасус не се става поднаслов бидејќи се подразбира дека тој дава дефиниција и вовед.
- Во првата реченица, меѓу првите зборови треба да се најде и поимот и насловот на статијата во задебелен фонт.
- Врска се става така што се користат правоагалните загради -
[http://www.по_една_за_семрежна_врска.com]
[http://www.по_една_за_семрежна_врска.com со коментар], во тој случај ќе се види само коментарот овака [со коментар]
[[со две за врска кон друга статија на википедија]]; на пример [[Македонија]] во уреди прозорецот ќе ни даде врска за Македонија. - Фотографии и слики се подигнуваат на оваа страница.
- Фотографии и слики се ставаат во текстот со ваков тег - [[Слика:Fotografijata_sto_ja_podignavte.jpg|мини|200п|десно|Опис од 2-3 збора]]. Синтаксите |мини|200п|десно можат да се изостават. Наместо мини (thumb) може ворамка (или рамка, frame) (тогаш не треба број на пиксели). Наместо десно може лево (или 'right' и 'left'). 200п (или 'px') е големината на сликата, што повеќе пиксели, тоа поголема ќе е сликата. Поврзано: Помош:Слики.
- Секоја статија може, и пожелно е, да биде категоризирана. Тоа се прави со ознака за категорија која вообичаено се става на нејзиниот крај. Еве ознака за категорија „информатика“: [[Категорија: Информатика]].
Овде има список на категории на македонската Википедија. Ако не постои категорија, на вас е да ја создадете така што во статијата ќе напишете [[Категорија: Новакатегорија]].
- Врски (во текстот на статиите) на Википедии на други јазици се прават со следнава ознака: [[:bg:Македония]] (со ":" напред); работи вака: bg:Македония
- Исто така нормални врски на слики и категории (без да се види сликата) се прават со истата ознака: [[:Категорија:Американска музика]], [[:Слика:Map skopje.jpg]] (со ":" напред); работи вака: Категорија:Американска музика, Слика:Map skopje.jpg
Добра статија треба да содржи професионални стандарди на пишување и презентација, како:
- (а) да е одлично напишана: нејзината проза е инспиративна, дури брилијантна и е од професионален стандард;
- (б) да е детална: ги содржи сите важни факти или детали, ништо не изоставува;
- (в) да е веродостојна и прецизна: тврдењата се веродостојни и се искористени авторитативни извори кои прецизно и точно градат едно тело на публикувано и потврдено знаење и се придружени со специфични докази и надворешни цитати, ова го вклучува постоењето на пасус „Наводи“ во кој се наведени изворите, придружени со фусноти на соодветните места;
- (г) да е неутрална: презентира објективност и неполаризираност;
- (д) да е устојчива: не е тема на уредувачки војни и нејзината содржина не се менува значајно од ден на ден;
- (ѓ) да има вовед: концизен почетен дел кој ја сумира целата тема и го подготвува читателот за поголемото ниво на деталност во следните секции;
- (е) да има соодветна структура: систем на хиерархиски поднаслови, но не преголема содржина;
- (ж) да има постојани цитати: онаму каде што има потреба во согласност со (в), континуирано форматирани референци во форма на фусноти;
- (з) да има слики и други мултимедијални содржини таму каде што е соодветно, со добар коментар на секоја слика и со прифатлив статус во врска со авторските права;
- (ѕ) да има соодветна должина, при што фокусот ќе остане на главната тема без да се оди во непотребни детали.