Поместувалка или лизгачка сложувалка (англиски: tour puzzle) - сложувалка кај која играчот треба правилно да ги распореди елементите од поместувалката што можат да се движат по одредени насоки. Поместувалките може да се состојат од едноставни облици, или можат да бидат означени со бои, обрасци, делови од поголема слика (како обична сложувалка), бројки или букви.

Поместувалките во суштина се дводимензионални по природа и лизгањето на плочките е олеснето со механички поврзани делови или тридимензионални токени. Како што покажува овој пример, некои поместувалки се претставени со низа меѓусебно поврзани делови. Меѓутоа, механичките распореди обично не се од суштинско значење за решавање на поместувалката, деловите можат да бидат токени што се движат на рамна плоча во согласност со одредени правила.

За разлика од другите видови загатки, поместувалката на лизгачкиот блок забранува подигнување на кој било дел од поместувалката од таблата. Ова правило ги одделува поместувалките со лизгачки елементи од поместувалките што се решаваат со слободно движење на парчињата од сложувалката. Значи, потезите и патеките се отвораат врз основа на секој одигран потег во рамките на дводимензионалните плочи, кои се важни делови во решавањето на поместувалката.

Најстариот тип на лизгачка поместувалка е петнаесетоделната поместувалка, измислена од Ној Чепмен (Noyes Chapman) во 1980 година, а Сем Лојд често лажно си ја припишувал изработката на лизгачката поместувалка од петнаесет дела. Пронајдокот на Чепмен придонел поместувалките да станат исклучително популарни во раните 1980-ти години.

Од 1950 година па сè до 1980-тите, лизгачките поместувалки, кои имале задача да образуваат зборови од букви, биле многу популарни. Овие видови загатки имаат неколку можни решенија.[1]

Петнаесетоделната поместувалка е компјутеризирана и примерите се бесплатно достапни на семрежјето на различни веб-страници. Во прашање е наследник на сложувалката во која поентата е да се формира слика на екранот. Последниот квадрат на поместувалката автоматски ќе се прикаже кога сите други делови на поместувалката ќе бидат правилно распоредени.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

Литература уреди