Полициска Населба

42°00′28″N 21°19′41″E / 42.00778° СГШ; 21.32806° ИГД / 42.00778; 21.32806 Полициска Населбаскопска населба на територијата на Општина Ѓорче Петров, сместена до коритото на реката Вардар, веднаш до новиот регионален пат Скопје-Тетово, во непосредна близина на железниот мост што води во Сарај. Таа е изградена неколку години по ослободувањето, каде биле сместувани припадниците на Министерството за внатрешни работи кои немале свои домови. Во минатото, на тој простор имало коњушници и магацини кои, за потребите на државата, биле пренаменети во живеалишта. Денес живеат околу 200 луѓе. Денес населбата официјално не фигурира во катастарските општини и е крајно неурбанизирана.[1]

Наводи

уреди
  1. 37 години живеат во населба што никаде не постои. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-09-24.