Политика на отворен пазар
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Операциите на отворен пазар претпоставуваат постоење на развиен пазар на капитал, како и емисија на државни обврзници. Всушност овој инструмент на монетарната политика е типичен за земјите со развиена пазарна економија. Во овие земји еден од можните пристапи за финансираъње на буџетскиот дефицит е издавањето на државни обврзници, кои претставуваат хартии од вредност за кои гарантира државата поради што ризикот за вложување во државни обврзници е мал. Заради тоа нивните цени се стабилни, каматите кои ги добиваат комитентите се сигурни. Тоа придонесува инвеститорите, вклучуважќи ги тука и граѓаните кои располагаат со слободни парични средтсва релативно лесно да се одлучуваат за купување на државни обврзници. Со посредство на комерцијалните банки во кои инвеститорите имаат отворено свои сметки се врши купувањето на државни обврзници.
Кога во стопанството постојат инфлаторни тенденции централната банка продава државни обврзници. Трансакцијата се врши преку комерцијалните банки: од сметката во комерцијална банка се префрла депозитот во централната банка од која што се купуваат државни обврзници. И ако тоа го направат голем број инвеститори во државни обврзници, резервите на комерцијалните банки ќе се намалат. Така доаѓа до опаѓање на кредитниот потенцијал и на можноста за депозитна мултипликација и создавање на пари од страна на комерцијалните банки. На овој начин преку продавање на државни обврзници ценрталната банка фактички извлекува дел од парите во оптек, односно ја намалува масата пари во оптек и дејствува антиифлаторно.
Во обратен случај, ако централната банка оцени дека понудата на пари е помала од потребното количество, тогаш таа одлучува да купи државни обврзници. Во тој случај, бидејќи купените обврзници им ги исплаќа на комерцијалните банки, без разлика дали се купени од нив или од нивните комитенти кои ги држат своите сметки кај нив, настанува поминување на дел од приманите пари кај комерцијалните банки. На тој начин се врши зголемување на кредитниот потенцијал на комерцијалните банки, кои пак можат да го пласираат во кредити кај небанкарските субјекти, а натаму со процесот на мултипликација на депозитите да создаваат пари. Доколку извршиме упростување ќе дојдеме до заклучок дека со купуваъе на државни обврзници централната банка пушта пари во оптек, односно ја зголемува количината на пари во оптек.
За регулираъето на потребната количина пари во оптек, централната банка може, во зависност од краткорочните цели на економската политика, да го користи овој инструмент. Меѓутоа, на долг рок овој инструмент е мошне применлив и во смирувањето на инфлацијата. Самиот ефект банката го постигнува со продажба на државни обврзници при што ја намалува количината на пари во оптек. Оттука се намалува притисокот за покачуваъе на цените. Ако пак, економијата се наоѓа во рецесија, централната банка пристапува кон купување на државни обврзници, со што пушта пари во оптек. Зголемената понуда на пари влијае на опаѓањето на каматните стапки, а со тоа се поттикнуваат потенцијалните инвеститори да земат кредити да ги зголемат инвестициите, со што се стимулра зголемувањето на стопанската активност.
Следнава табела ги прикажува последиците од операциите на отворен пазар
Категории | Рецесија | Експанзија |
---|---|---|
Кредитен потенцијал | се зголемува | се намалува |
Инвестиции | се зголемува | се намалува |
Понуда на пари | се зголемува | се намалува |
Инфлација | се зголемува | се намалува |