Политика на задолжителни резерви
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Политиката на задолжителни резерви се води со цел да се регулира понудата на пари кои централната банка во минатото ги вовела заради обезбедување ликвидност на комерцијалните банки и заштита на нивните депоненти.
Суштината на задолжителните резерви се состои во тоа што централната банка пропишува процент од депозитите во комерцијалните банки, кој како износ овие се должни да го држат како резерва во централната банка, уште наречени и стерилни пари. Оттука јасно е дека комерцијалните банки сакаат процентот на задолжителните резерви да е помал.
Со задолжителните резерви се регулира понудата на пари, односно се регулира потребната количина пари во оптек. Ако централната банка одлучи да ја намали понудата на пари, т.е. да ја намали количината на пари во оптек, поради прегреаност на економијата, таа ја зголемува стапката на задолжителните резерви, што значи, комерцијалните банки ќе држат добар дел од депозитите како резерва во централната банка. Со тоа се намалува нивниот кредитен потенцијал, монетарниот мултипликатор и создавањето на пари од страна на комерцијалните банки, а со тоа се намалува и паричната маса во оптек. Доколку централната банка одлучи да ја зголеми понудата на пари, тогаш ќе ја намали стапката на задолжителните резерви. Со тоа на комерцијалните банки им се остава на располагање поголем дел од депозитите, со што расте монетарниот мултипликатор при создавањето на пари и се разбира масата пари во оптек. Овој инструмент централната банка го користи во зависност од целите на економската политика. Конкретно, со него таа не само што ја регулира потребанта количина пари во оптек, туку ги регулира и каматните стапки на пазарот на пари.
Следнава табела ги прикажува последиците од промените на задолжителните резерви
Категории | Рецесија | Експанзија |
---|---|---|
Кредитен потенцијал | се зголемува | се намалува |
Инвестиции | се зголемува | се намалува |
Агрегатна побарувачка | се зголемува | се намалува |
Бруто-домашен производ | се зголемува | се намалува |
Во случај кога квантитативните инструменти не можат да ги остварат целите на монетарната политика на сцена настапуваат квалитетивните инструменти. Овие инструменти се однесуваат на селективност во насочувањето на кредитите во одредени сектори на стопанството за поддршка на нивниот развој односно за нивна стимулација како на пример: земјоделството, извоз и сл. Квалитативните инструменти на монетарната политика се својствени за земјите во развој во кои не постои развиен финансиски ситем. Меѓународниот монетарен фонд се спротивставува на овој вид на интервенција во стопанството затоа што смета дека во тој случај се врши поставување на одделните сектори и стопански субјекти во нерамноправна положба, со што се предизвикува нефиксна алокација на расположливите ресурси. Квалитативните инструменити исто така вршат извртување на реалната слика за секторот којшто се фаворизира.
Централната банка во ваков случај може да го ограничи порастот на банкарските пласмани, да ја ограничи каматната стапка, да го плафонира обемот на потрошувачка и станбени кредити и друго, што значи дека таа наредува како да постапуваат комерцијалните банки и поради тоа овие инструменти се нарекуваат и директивни. „Моралното убедување“ е еден од пристапите кои ги има централната банка, што всушност значи дека во земјите каде што бројот на комерцијалните банки е мал и централната банка воспоставува контакт со сите, таа ги убедува комерцијалните банки да прифатат одредени мерки кои таа самата ги спроведува.