Поларнопрстенеста галаксија
Поларнопрстенеста галаксија — галаксија во која надворешниот прстен од гас и ѕвезди се врти околу половите на галаксијата.[1] Овие поларни прстени се смета дека настанале кога две галаксии гравитациско заемодејствуваат една со друга. Една од можностите е дека материјата е привлечена плимно од страна на галаксија која минува во близина и на тоја начин се создава поларниот прстен во поларнопрстенестата глаксија. Другата можност е дека помала галаксија се судрила под прав агол со рамнината на вртење на поголемата галаксија, со што помалата галаксија е всушност прстенот на половите.[2]
Најдобро познати поларнопрстенести галаксии се S0s (леќестите галаксии), но од физичка точка тие се дел од поголема категорија на галаксии, вклучувајќи тука неколку елиптични галаксии.
Првите четири S0 кои биле забележани како поларнопрстенести галаксии се NGC 2685,[3] NGC 4650A,[4][5] A 0136 -0801,[2] и ESO 415 -G26.[5] Додека овие галаксии се макотрпно проучени, во поново време се забележани многу повеќе поларнопрстенести галаксии.[6] Поларно прстенестите S0 галаксии можно е да се само 0,5% од сите блиски леќести галаксии, а постои и можноста дека 5% од леќестите галаксии во минатото поседувале поларни прстени.[6]
Првите поларнопрстенести елиптични галаксии биле забележани во 1978 година. Тие се NGC 5128, NGC 5363, NGC 1947 и Лебед A,[7] додека пак поларнопрстенестите S0 галаксии NGC 2685 и NGC 4650A во тој период се сметале дека настанале на сличен начин како овие елиптичните поларнопрстенести галаксии.[7] За само неколку години подоцна, да се направат првите набљудувања на движењата на ѕвездите и гасот поларнопрстенестите елиптични и S0 галаксии со помош на усовршената спектроскопска технологија, било објаснето надворешното потекло на гасовитите прстени.[2][5][8][9] Во продолжени најпознатиот пример, NGC 5128 (Cen A),и многу вообичаената поларнопрстенеста елиптична галаксија NGC 5266.[9]
SPRC (стара верзија)
уредиSPRC е Слоунски поларнопрстенов каталог, атлас кој се состои од 157 поларнопрстенести галаксии. Бил составен од сликите снимени со Слоунски дигитален преглед на небото. Постојат 4 поглавја(A,B,C, и D). Во оглавјето А има 6 галаксии кои се кинематички потврдени галаксии. Во поглавјето В има 27 објект, кои се добри кандидати. Во поглавјето C, има 73 галаксии, кои се можни кандидати. И во поглавјето D има 51 галаксија, кои се слични објекти.
SPRC (нова верзија)
уредиПостои обновена верзија на SPRC, со нови 275 кандидати. Има 70 најдобри кандидати, 115 добри кандидати, 53 слични објекти и 37 челно завртени прстенести галаксии.
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ James Binney, Michael Merrifield (1998). Galactic Astronomy. Princeton, New Jersey: Princeton University Press. ISBN 0-691-00402-1.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 F. Schweizer, B. C. Whitmore, V. C. Rubin (1983). „Colliding and merging galaxies. II - S0 galaxies with polar rings“. Astronomical Journal. 88: 909–925. Bibcode:1983AJ.....88..909S. doi:10.1086/113377.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ P. L. Schecter, J. E. Gunn (1978). „NGC 2685 - Spindle or pancake“. Astronomical Journal. 83: 1360–1362. Bibcode:1978AJ.....83.1360S. doi:10.1086/112324.
- ↑ J. L. Sérsic (1967). „Southern Peculiar Galaxies III“. Zeitschrift für Astrophysik. 67: 306–311. Bibcode:1967ZA.....67..306S.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 B. C. Whitmore, D. B. McElroy, F. Schweizer (1987). „The shape of the dark halo in polar-ring galaxies“. Astrophysical Journal. 314: 439–456. Bibcode:1987ApJ...314..439W. doi:10.1086/165077.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 6,0 6,1 B. C. Whitmore, R. A. Lucas, D. B. McElroy, T. Y. Steiman-Cameron, P. D. Sackett, R. P. Olling (1990). „New observations and a photographic atlas of polar-ring galaxies“. Astronomical Journal. 100: 1489–1522, 1721–1755. Bibcode:1990AJ....100.1489W. doi:10.1086/115614.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 7,0 7,1 Bertola, F. and Galletta, G. (1978). „A new type of galaxy with prolate structure“. Astrophysical Journal. 226: L115–L118. Bibcode:1978ApJ...226L.115B. doi:10.1086/182844.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link),
- ↑ Bertola, F., Galletta, G., Zeilinger, W.~W. (1985). „Warped dust lanes in elliptical galaxies - Transient or stationary phenomena?“. Astrophysical Journal. 292: L51–L55. Bibcode:1985ApJ...292L..51B. doi:10.1086/184471.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 9,0 9,1 Varnas, S.R. Bertola, F., Galletta, G., Freeman, K.C., Carter, D. (1987). „NGC 5266 - an elliptical galaxy with a dust ring“. Astrophysical Journal. 313: 69–88. Bibcode:1987ApJ...313...69V. doi:10.1086/164949.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Надворешни врски
уреди- Астрономска слика на денот
- Polar Ring Galaxy NGC 4650A — 10 мај 1999 г.
- Polar Ring Galaxy NGC 2685 — 16 февруари 2007 г.
- Polar Ring Galaxy NGC 660 — 3 декември 2009 г.
- Internet Voters Get Two Galaxies in One from Hubble
- X marks the spot in dark matter web Архивирано на 10 мај 2008 г. - Polar ring galaxies offer first-hand evidence of the existence of the cosmic web, New Scientist, 29 February 2008