Административна поделба на Камбоџа

(Пренасочено од Покраини во Камбоџа)

Административната поделба на Камбоџа ги опфаќа административните единици на кои е поделена земјата. Главниот град и покраините се првото ниво на административна поделба на територијата на Камбоџа. Камбоџа е поделена на 23 покраини и главниот град. Второстепената поделба на територијата е составена од општини и окрузи. Покраините се поделени на 26 општини и 159 окрузи. Главниот град е поделен на 8 комуни.[1]

Покраини

уреди
 
  1. Бантеај Меанчеј (បន្ទាយមានជ័យ)
  2. Батамбанг (បាត់ដំបង)
  3. Кампонг Чам (កំពង់ចាម)
  4. Кампонг Чанг (កំពង់ឆ្នាំង)
  5. Кампонг Спеу (កំពង់ស្ពឺ)
  6. Кампонг Том (កំពង់ធំ)
  7. Кампот (កំពត)
  8. Кандал (កណ្តាល)
  9. Кох Конг (កោះកុង)
  10. Кеп (កែប)
  11. Кратие (ក្រចេះ)
  12. Мондулкири (មណ្ឌលគីរី)
  1. Одар Меанчеај (ឧត្តរមានជ័យ)
  2. Паилин (ប៉ៃលិន)
  3. Пном Пен (ភ្នំពេញ)
  4. Сиханоуквил (ក្រុងព្រះសីហនុ)
  5. Преах Вихеар (ព្រះវិហារ)
  6. Пурсат (ពោធ៌សាត់)
  7. Преј Венг (ព្រៃវែង)
  8. Ратанакири (រតនគីរី)
  9. Сием Реап (សៀមរាប)
  10. Стунг Тренг (ស្ទឹងត្រែង)
  11. Свај Риенг (ស្វាយរៀង)
  12. Такео (តាកែវ)

Големина на покраини и градови

уреди
 
Ват Пном во Пном Пен.
 
Езеро во Тонле Сап.
 
Езеро во Ратанакири.
Број Град или покраина Површина
км²
1 Пном Пен 290
2 Кандал 3.568
3 Такео 3.563
4 Кампонг Чам 9799
5 Кампонг Том 13.814
6 Сием Реап 10.299
7 Преах Вихеар 13.788
8 Одар Меанчеај 6.158
9 Бантеај Меанчеј 6.679
10 Батамбанг 11.072
11 Паилин 803
12 Пурсат 12.692
13 Кампонг Чнанг 5.521
14 Кампонг Спеу 7.017
15 Кох Конг 11.160
16 Сиханоуквил 868
17 Кампот 4873.2
18 Кеп 335.8
19 Преј Венг 4.883
20 Свај Риенг 2.966
21 Кратие 11.094
22 Стунг Тренг 11.092
23 Ратанакири 10.782
24 Мондулкири 14.288
25 Тонле Сап 3.000
Вкупна површина 181.035 км2

Наводи

уреди
  1. „Decree Creates Three New Provinces“. khmerization.blogspot.com. December 2008.

Поврзано

уреди