Поетска еда
Поетска еда – модерен израз за неименувна збирка старонордиски анонимни поеми, кои се разликуваат од „Прозната еда“, која ја напишал Снори Стурлусон. Постојат неколку верзии и сите главно се состојат од текст од исландски средновековни ракописи, познати како Кодекс Региус. Кодекс Региус е најважен од постојните извори за нордиската митологија и германските херојски легенди. Во почетокот на 19 век имал јако влијание на подоцнежната скандинавска книжевност, не само со приказните кои ги содржи, туку и по визионерската снага и драмскиот квалитет на многу песни. Исто така станал инспирација за многу понови поетски дела, особено во скандинавските јазици. Поети кои му го признале својот долг на Кодекс Региус се Вилијам Екелунд, Август Стриндберг, Толкин, Езра Паунд, Хорхе Луис Борхес, и Карин Боје. Кодекс Региус бил напишан во 13 век, но не се знае ништо за неговото движење до 1643 година, кога поминал во сопственост на Бринфур Свенсон, а потоа на бискупот во Скалхолт. Во тоа време верзијата на Еда била позната само на Исланд, но историчарите сугерирале дека тука некогаш била некоја друга Еда, Стара Еда, во која се наоѓаат пагански песни кои Снори ги цитира во својата Еда. Кога бил откриен Кодекс Региус, изгледало дека претпоставката била докажана, но модерните научни истражувања покажале дека Поетската еда, веројатно, е напишана прва и дека со другата (Прозната еда) дели заеднички извор.