Под вулканот (филм)

„Под вулканот“ (англиски: Under the Volcano) е филм од 1984 година, снимен во Мексико, под режисерската палка на Џон Хјустон, со Алберт Фини, Жаклин Бизе, Ентони Ендрјуз и Кејти Џурадо во главните улоги. Филмот бил номиниран за наградите „Оскар“ во категориите главна машка улога и најдобра оригинална филмска музика. Филмот е заснован на романот на англискиот писател Малколм Лоури од 1947 година. Останувајќи верен на романот, филмот на Хјустон ја раскажува приказната за Џефри Фирмин, алкохоличар и британски конзул во малиот мексикански град Кванауак, на празникот на Денот на мртвите во 1938 година.

„Под вулканот“
MCA Home Video опаковка за Под вулканот
РежисерЏон Хјустон
Дени Хјустон (почетните наслови)
ПродуцентМајкл Физџералд
Мориц Борман
Виланд Шулџ-Кајл
СценаристГај Гало
Главни улогиАлберт Фини
Жаклин Бизе
МузикаАлекс Норт
КинематографијаГабриел Фигуероа
ДистрибутерUniversal Pictures (САД)
20th Century Fox
(надвор од САД)
Премиера1984
Времетраење112 мин.