Под Липа (пештера)

праисториска пештера во Република Српска, БиХ

Под Липа (Подлипа) — пештера која се наоѓа на Гласиначката Висорамнина, во Кадиќа Брдо, село Кнежина, Општина Соколац, Република Српска, БиХ. Утврден назив за пештерата меѓу мештаните е Подлипа. Прво систематско археолошко истражување на наоѓалиштето на Кадиќа Брдо, извршено е во 1991 година под водство на археологот Зилка Кујунџиќ-Вејзлагиќ од Националниот музеј во Сараево. Во сите сонди откриен е богат археолошки материјал, камени алатки и орудија односно артефакти кои се датирани во долен, среден и горен палеолит. Во две сонди пред пештерата, пронајдени се остатоци од пештерска мечка (Ursus spelaeus). Палеолитските ловци-собирачи во пештерата Под Липа оставиле врежани знаци во камен кои ја претставуваат палеолитската уметност. Овие врежани знаци се единствено пано со пештерска уметност од палеолитот во источна Република Српска. Пештерата ја населувал прачовекот во текот на подолг временски период, а оваа наоѓалиште е од најголемо значење за цела југоисточна Европа. На наоѓалиштето Под Липа пронајдени се остатоци од неандерталец стари околу 40.000 години. Оваа пештера е под заштита на Заводот за заштита на културно историското и природно наследство на Република Српска, и спаѓа во природно богатство од I категорија.

Под Липа
Пештерата Под Липа, палеолитски гравирани цртежи на влезот во пештерата
МестоСоколац, Босна и Херцеговина

Лежиште

уреди

Геолошката градба на поширокото подрачје на пештерата припаѓа на структурно-фацијалната единица на Централно офиолитската зона, покрај мезозојски карбонатни маси во пештерата се застапени и седименти на квартарна старост. Најстари евидентирани седименти на пештерата припаѓаат на среден и горен тријас. Во пештерата се присутни темносиви, сиви, жолтеникави и розови бои на варовник. Квартарните творби во околината на оваа пештера претставуваат езерски и речни седименти на тераси и алувијални наноси од мала можност. Материјалот на езерските седименти е разновиден.

Нови истражувања

уреди

Нови истражувања на пештерата Под Липа извршени се во 2015 година под водство на проф. др Душан Михајловиќ од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Белград.

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Абазовић; Елез; Караџић, Гајевић, Добрила; Велемир; Грујо; Бранко (2010). Водич кроз општину Соколац : знаменитости завичаја. Соколац: Инфо центар. стр. 65–67. ISBN 978-99955-669-0-6.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди