Плоштад Слобода (Ереван)
Плоштадот Слобода (ерменски: Ազատության հրապարակ, Azatut'yan hraparak), исто така познат и како плоштад Опера и плоштад Театар (Թատերական հրապարակ, Т'aterakan hraparak) до 1991 година, е градски плоштад кој се наоѓа во централниот дел на Ереван, Ерменија. Плоштадот е дел од комплексот на „Театар и опера“, кој се наоѓа на југ од главната зграда на операта, меѓу паркот „Опера“ и Лебедовото Езеро. Заедно со плоштадот Република, плоштадот Слобода е еден од двата главни плоштади во централниот дел на Ереван. Се граничи со четири улици: Туманјан, Терјан, авенијата Сајат Нова и авенијата Маштотс. Статуите на писателот Ованес Туманјан и на композиторот Александар Спендиарјан се наоѓаат на овој плоштад.
Плоштад Република | |
---|---|
Ազատության հրապարակ Azatut'yan hraparak | |
Поглед кон плоштадот Слобода | |
Местоположба на плоштадот | |
Поранешни називи: |
|
Одржува: | Општина Ереван |
Место: | Кентрон, Ереван, Ерменија |
Координати: | 40°11′07″N 44°30′54″E / 40.18528° СГШ; 44.51500° ИГД |
Во политиката
уредиПоради традицијата на одржување демонстрации, овој плоштад често е опишуван како Плоштад на демократијата.[1]
На плоштадот може да се застанат околу 40.000,[2] 42.000—45.000[3] до 50.000 лица.[4]
1988: Движењето за Карабах
уредиПолукружниот плоштад е познат по својата истакната улога во современата историја Ерменија. Уште од основањето на движењето за Карабах во февруари 1988 година, плоштадот „Слобода“ бил центар на народни демонстрации. За да се смират демонстрациите, плоштадот бил неколкупати затворан во текот на 1988 година од страна на советската полиција и војска.[5][6][7]
Постизборни протести
уредиОткако Ерменија стекнала независност во 1991 година, плоштадот бил главна локација за собири против владата, посебно по претседателските избори во 1996, 2003, 2008 и 2013 година.
По претседателските избори во 2008 година, илјадници приврзаници на водачот на опозицијата на ерменскиот прв претседател, Левон Тер-Петросјан, се собрале на плоштадот. Во раните утрински часови на 1 март 2008 година, овие мирни протести биле насилно угушени од страна на полицијата, и плоштадот бил затворен за цивили.[8] Дваесет дена потоа, плоштадот и натаму бил окупиран од страна на полицијата и војската со ццел да се спречат демонстрациите. Подоцна, плоштадот бил затворен за јавни собири цели три години, сè до 17 март 2011 година, кога Ерменскиот национален конгрес оджал голем собир.[9]
Подземен паркинг
уредиНа 28 август 2008 година,[10] ерменската влада донела одлука да се започне со изградба на подземен паркинг под плоштадот, за да се ослободат околните улици каде паркираните автомобили го успоруваат и го комплицираат сообраќајот во тој дел од градот. Опозицијата тврдела дека оваа одлука имала за цел спречување за одржавање демонстрации на плоштадот, иако владата ги отфрлила ваквите обвинувања. Паркингот на три нивоа за 500 автомобили[11] бил отворен на 24 мај 2010 година во присуство на градоначалникот Гагик Белгарјан и претседателот Серж Саргсјан, а целиот проект чинел четири милијарди ерменски драми[12] или околу 10,5 милиони долари.[13][14]
Галерија
уреди-
Движењето за Карабах, 1988 година
-
Протести во Ерменија во 2008 година: илјадници демонстранти на плоштадот Слобода, 24 февруари 2008 година
-
Протести во Ерменија во 2008 година: поставени шатори
-
Протести во Ерменија во 2008 година: танкер со вода го чисти плоштадот од ѓубре и крв
-
Протести во Ерменија во 2008 година: полиција и војска го блокирааат пристапот до плоштадот, фотографија од 21 март
-
Протести во Ерменија во 2011 година
-
Протести во Ерменија во 2013 година
-
Плоштадот, фотографија од 10 октомври 2014 година
Наводи
уреди- ↑ Abrahamyan, Gayane (16 септември 2010). „Symbol of freedom or reminder of violence?: Opposition, city authorities continue battle over key Yerevan square“. ArmeniaNow. Архивирано од изворникот на 2018-10-08.
Плоштадот, кој е симбол на демократијата и победата, претворен во градилиште откако градот решил да гради огромен подземен паркинг.
- ↑ Pennington, Joseph. „FEB 9 TER-PETROSSIAN RALLY THE BIGGEST SO FAR THIS SEASON; UNREALIZE HOPES FOR OPPOSITION ALLIANCE, BUT PROMINENT VETERANS' GROUP MEMBERS ANNOUNCE SUPPORT“. WikiLeaks. Embassy of the United States, Yerevan.
Проценка дека плоштадот собира околу 40.000 луѓе.
- ↑ „Ինչքան մարդ է տեղավորում Ազատության հրապարակը [How many people does the Freedom Square hold]“. Aravot (ерменски). 20 февруари 2013. Архивирано од изворникот на 22 март 2014.
Մեծ խտության դեպքում` մինչեւ 42-45 հազար մարդ` միայն ասֆալտին:
- ↑ Martirosyan, Ara (9 ноември 2008). Որքա՞ն միտինգավոր է տեղավորվում Ազատության հրապարակում. Azg Daily (ерменски). Архивирано од изворникот на 22 март 2014.
Մի խոսքով, ներկայիս հանրահավաքների առավելագույն թիվը Ազատության հրապարակում կազմում է 50 հազար մարդ, քանի որ շրջակա տարածքները ներկայումս կառուցապատված են եւ այնտեղ մարդիկ գրեթե չեն լինում:
- ↑ Malkasian, Mark (1996). Gha-ra-bagh!: The Emergence of the National Democratic Movement in Armenia. Detroit: Wayne State Univ. Press. ISBN 9780814326046.
Residents awoke the next day [of 22 March 1988] to find Theater Square and the opera house ringed by fresh-faced soldiers..."
- ↑ „Troops Sent Back to Armenia Capital After Mass Rally“. Los Angeles Times. 10 јули 1988.
- ↑ Keller, Bill (22 декември 1988). „Armenia Opens To Show Capital Under Tight Lid“. New York Times.
Плоштадот е окупиран од тенкови и војници, кои носат заштитни елеци.
- ↑ Tavernise, Sabrina (3 март 2008). „Emergency Order Empties Armenian Capital's Streets“. New York Times. Архивирано од изворникот на 22 март 2014.
Во саботата попладне беше јасно дека мирните десетдневни протести се претвораат во немирни, откако полицијата ги претепа демонстрантите
- ↑ „Armenian Opposition Reoccupies Key Square As Protests Grow In Strength“. Radio Free Europe/Radio Liberty. 18 март 2011. Посетено на 27 мај 2013.
- ↑ Ազատության հրապարակը վերադարձվեց երևանցիներին` 500-տեղանոց ավտոկանգառով. panorama.am (ерменски). 24 мај 2010. Архивирано од изворникот на 14 ноември 2014.
- ↑ Открытие подземного паркинга у Оперного театраПредлошка:Недоступная ссылка
- ↑ На площади Свободы в Ереване открылась подземная трехуровневая автостоянка
- ↑ „New Underground Parking Structure Inaugurated in Armenian Capital“. Asbarez. 24 мај 2010.
- ↑ „The Underground Parking Lot of the Freedom Square opened with Participation of the Armenian President“. Armenpress. 24 мај 2010. Архивирано од изворникот на 14 ноември 2014.
Надворешни врски
уреди- Плоштад Слобода (Ереван) на Ризницата ?