Плоча (Кораб)
Плоча | |
---|---|
Поглед на врвот Плоча од југ | |
Висина | 2.233 м |
Место | Македонија Македонија Албанија |
Венец | Кораб |
Прво освојување | непознато |
Плоча — врв во јужниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата височина изнесува 2.233 метри[1].
Местоположба
уредиСе наоѓа на крајниот јужен дел на планината Кораб на главниот срт, во непосредна близина односно на самата гранична линија меѓу Македонија и Албанија. Според местоположбата на врвот Плоча се наоѓа на координатите 41°41'58" северна географска широчина и 20°31'57" источна географска должина[1]. Сместен е на главниот срт на протегање на планината Кораб, помеѓу превојот Шкртец на север и врво Високо Брдо (2211) на југ. Со својата местоположба врвот Плоча претставува претпоследен планински врв на протегањето на сртот на планината Кораб од север кон југ, после кого следува врвот Високо Брдо и преслапот Дешат од каде започнува истоимената планина, дел од овој масив. Се одликува со многу величствена глетка, особено погледнат од југ (од Високо Брдо), каде самиот врв Плоча се прикажува како многу остар и зашилен врв со глетка на целиот планински масив на Кораб со највисоките врвови во позадината. Источната падина на врвот Плоча на македонска територија е тревната и е возможно искачување на врвот по неа бидејќи по неа минува доброразгазената граничарска патека, додека западната падина на врвот на албанска територија е многу стрмна вертикално пресечена и карпеста со ситен песок и стрмни камења, поради што е невозможно искачувањето по неа. Самиот највисок дел на врвот е остар и зашилен, но од далеку изгледа како испакната плоча, поради што најверојатно самиот врв го добил името - Плоча.
Галерија
уреди-
Поглед на врвот Плоча со Корапскиот масив во позадината
-
Глетка на врвот Плоча
-
Поглед кон врвот Плоча од неговата источна падина
-
Поглед на врвот Плоча од југ
-
Планинари на самиот врв Плоча
-
Поглед на врвот Плоча со Корапскиот масив во позадината
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 8.13.2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)