Плимна табела
Плимна табела (плимна карта) — предвидување кое ги покажува дневните периоди и висини на плимата и осеката, најчесто за точно определена меатоположба.[1] Висините на плимите за време на меѓупериодите (периодот меѓу плима и осека) може приближно да се пресмета со користење на правилото на дванаесетки или попрецизно со употреба на објавена плимна крива за таа местоположба.
Објавување и обем
уредиПлимните табели се објавуваат во најразлични облици, како табели на хартија и табели достапни на семрежјето. Повеќето плимни табели се пресметани и објавени само за големите пристаништа, наречени и „стандардни пристаништа“, и се со времетраење од една година — стандардните пристаништа можат да бидат близу едни до други или пак оддалечени стотици километри. Периодите на плимите и осеките за малите пристаништа се пресметуваат со употреба на објавени периоди и висинските разлики меѓу „стандардни“ пристаништа и помалите пристаништа.
Датуми и периоди
уредиДатите на појава на високите плими и ниските плими, отприлика во периоди од седум дена, можат да се определат од висинара на плимите во класичните табели за плими и осеки: мал обем ги означува осекитедодека голем ги означува плимите.
На атлантското крајбрежје на северозападна Европа, периодот меѓу секоја плима и осека е со просечен период од 6 часа и 10 минути, со што се добиваат секојдневно две плими и две осеки.
Пресметки
уредиПредвидувањето на плимите било обременето со сложени пресметки, и во периодите пред употребата на дигиталните сметачи, табелите се добиваа со употреба на специјало наменски пресметковни машини наречени плимомери.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Horton, Jennifer (2008-04-30). „HowStuffWorks "What are tide tables?"“. Science.howstuffworks.com. Посетено на 2012-11-21.
Надворешни врски
уреди- Пресметка на плимите (англиски)