Плејади (митологија)

небесни нимфи во старогрчката митологија
(Пренасочено од Плејади)

Плејади (јазик грчки|Πλειάδες ) (јазик латински|Pleiades}}) се ќерки на титанот Атлант и океанидата Плејона.[1]

Плејади
Ведер, 1885

Митологија

уреди

Кога нивните посестрими Хијади умреле од тага по својот мртов брат Хијант, се го одзеле животот од жал, а богот Зевс сите ги претворил во ѕвезди.

Биле седум:

Плејадитее според некои митови донесувале амброзија на боговите од земјите на Западот, а на тоа одговара и нивното старогрчко име Плејадес, „гулабици“. Според други толкувања, нивното име потекнува од зборот „-{Pleo}-“ или пловење, да плови со брод, поради тога што нивното излегување на небесниот свод, означувало поволно време за пловење.

На небесниот свод или во астрономскиот атлас Плејади — Гулабици, се наоѓаат во близина на Хијада во созвездието на Бик. Тоа е блескава група од 120 ѕвезди, од кои со голо око може да се видат девет најсветли, а астрономите на групата од седум митски Плејади ги додале уште и Плеон и Атлантида.

Наводи

уреди
  1. Замаровски 1985, стр. 275.

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Замаровски, Војтех (1985). Јунаци античких митова: Лексикон грчке и римске митологије. Загреб.

Надворешни врски

уреди