Планот на Пабст
Планот на Пабст претставува поим кој се однесува на урбанистички планови на Нацистичка Германија за реконструкција на градот Варшава како град-модел на националсоцијализмот. Поимот е именуван по германскиот инженер и архитект Фридрих Пабст, главен и одговорен архитект за Варшава и автор на планот од 1942 година. Според плановите, историската престолнина на Полска, Варшава, град од околу еден милион и половина жители требал целосно да се уништи и повторно да биде изграден како мал германски град со население од најмногу 130.000 луѓе.
Поимот во главно се однесува на два планови, првиот од 1940 година подготвен од Хуберт Грос, Ото Нирнберг и други германски архитекти со натпис „Варшава, новиот германски град“ (германски: Warschau, die neue Deutsche Stadt) и вториот план на самиот Фридрих Пабст, подготвен две години подоцна.
Библиографија
уреди- Stanisław Jankowski, Adolf Ciborowski. Warszawa 1945 i dziś. Wydawnictwo Interpress, Warszawa, 1971.
- Andrzej Leszek Szcześniak. Nowe niemieckie miasto Warschau, Warschau muss sterben Adolf Hitler. Nasza Polska, 2002.
- Niels Gutschow, Barbara Klain. Zagłada i utopia, Urbanistyka Warszawy w latach 1939-1945. Muzeum Historyczne. Warszawa. 2003.
- Niels Gutschow, Barbara Klain. Vernichtung und Utopie. Stadtplanung Warschau 1939–1945. Hamburg. 1994. ISBN 3-88506-223-2
Надворешни врски
уреди- Plany i dokumentacja zniszczeń oraz odbudowa Warszawy. Lista Krajowa.
- „Хроники на теророт“. Сведоштво на заменик-градоначалникот на Гдањск. Институт на солидарноста и храброста „Витолд Пилецки“.