Планинска окатка
Планинската окатка (Lasiommata petropolitana) е пеперуга од видот на шарени пеперуги.[1]
Планинска окатка | |
---|---|
Женка | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Lasiommata |
Вид: | Планинска окатка |
Научен назив | |
Lasiommata petropolitana Карл ЛинејLinnaeus, 1767 |
Опис
уредиМажјаците се со големина од 19 до 21 мм. Горната страна на крилјата е темнокафена со брановидни црникави линии. Вените на крилјата се со посветла кафена боја. Покрај краевите на крилјата има жолтеникаво-портокалови шари со црни дамки и бели зеници. Предните дамки се поголеми и имаат најчесто по две зеници. Дамките варираат по големина и облик. Телото е темнокафено, а антените темнокафени и бели. Долната страна на крилјата е со светлокафена боја, има брановидни потемни ленти. Повторно се забележуваат дамките и шарите како и кај горната страна. Пеперугата живее во Јужна Европа (вклучително и Македонија), Мала Азија и делови од Северна Азија и Европа.[2] Пеперугите летаат во една или две генерации, од април до септември. Ларвите се хранат си различни растенија, најчесто со Dactylis glomerata, Festuca rubra и Festuca ovina.
Наводи
уреди- ↑ "Lasiommata Westwood, 1841" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
- ↑ Seitz, A. in Seitz. A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.