Баиши, исто така позната по неговото кинеско име Баишишан — планина во Каунти Лаијуан, Префектурата Баодинг, провинцијата Хебеј, Кина. Нејзиниот највисок врв има истакнување од 2,096 метри а нејзиниот главен гребен се протега над 7,000 метри. Делови на Кинескиот Ѕид се протегаат околу нејзиното подрачје. Планината Баиши се формира во северниот крај на Таихангскиот Ланец и е лоцирана од прилика 200 километри југозападно од Пекинг.

Во подрачјето на Баиши планината некои делови биле користени во 1937 за време на Битката на Кинескиот ѕид во Втората Јапанска војна

Позадина

уреди

Името го добила по белиот мермер што го има на темелот. Приближно 20 км доломит ја сочинува планината се до врвот кој што бил создаден пред скоро 1 милијарда до 700 милиони години и бил турнат на место за окулу 54км на новоформиран гранит создаден од навлегување на магма во основата на планините пред окулу 140 милиони години.

Кинеската Национална туристичка администрација ја основала Баиши област[1] во 2004 год.[2] Истата област била прогласена како Баиши национален геолошки парк, кој бил прогласен за светски геолошки парк од страна на УНЕСКО во септември 2006 година.[2] CNTA ја прогласило за туристичка атракција на ниво на AAAAA на почетокот на 2017 година.[1] Тој е особено добро познат по својот изглед за време на облачните денови, кога врвовите на блиските врвови може да се видат како излегуваат од ниските облаци и магла.[3] Од септември 2014 година, ја има и најдолгата, најшироката и највисоката стаклена патека во Кина,[3] која се протега 95 м. преку провалија на надморска височина од 1,900 м. Во август 2015 година била отворена втора стаклена патека, со надморска височина од 1,600 м. [3] Постои и регионална туристичка кампања чија цел е да ја промовира планината како место за вљубените.[3]

Пајакот Clubiona baishishan го добил своето име по тоа што бил пронајден во блзина на планината.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „20 Additional Tourist Attractions Receive 5A-level Classification“, China Daily, Beijing: China Daily Information Co, 20 February 2017, Архивирано од изворникот на 28 April 2022, Посетено на 9 November 2017.
  2. 2,0 2,1 „白石山世界地质公园“, 旅游观光, Baoding: People's Government of Laiyuan County, 28 Nov 2016. (на кинески)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Bi Nan (8 September 2017), „Early Autumn Scenery at Baishi Mountain“, China Daily, Beijing: China Daily Information Co, Архивирано од изворникот на 28 April 2022, Посетено на 9 November 2017.