Пламтеж во телото
„Пламтеж во телото“ — стихозбирка на македонскиот писател Никола Алтиев, издание на Академски печат од 2022 година.
Осврт кон делото
уредиЗбирката содржи 130 песни кои условно можат да се поделат на три дела: во првиот дел се опеани младоста и првата љубов, во втората група се песните во врска со љубената и нејзиното заминување, како и спомените на неа, додека во третата група се песните за љубовта воопшто. Според тоа, повеќето песни во збирката се љубовни и во нив се испреплетуваат реалноста и невозможноста да се сретне со љубената. Централно место зазема метафизичкото постоење на вистинското и невистинското, сонот и јавето, кои се испреплетуваат во исклучителен лирски напев. И самотијата е тема на повеќе песни во стихозбирката, а борбата со неа поетот ја води со спомените од младоста.[1]
Наводи
уреди- ↑ Јадранка Клисарова, „Неколку зборови за стихозбирката „Пламтеж во телото“ од Никола Алтиев“, Современост, број 3, 2023, стр. 129-132.