Писандар
Писандар - атински државник.
Писандар им се придружил на олигарсите на кои не им се допаѓал атинскиот демократски устав. Можноста за преврат им се укажала по поразот на Атина на Сицилија, во 413 година п.н.е., кога со помош на разни средства олигарсите успеале да го исплашат народот кој во 411 година п.н.е. ги прифатил предлозите на Одборот на триесетмината. Овој одбор изработил нацрт на новиот атински устав, според кој политичките права им припаѓале само на оние кои се најспособни (телесно или според имотот) да се занимаваат со политика, а нив не смее да ги има помалку од 5.000. Така, поголемиот дел од народот ги изгубил политичките права, а бил избран Совет од 400 членови, кој ја извршувал улогата на провизорна влада со неограничени овластувања. Потоа, Советот ги прогонувал и убивал демократите; не го свикувал собранието ниту тогаш кога Атина преговарала со Спарта; а дефинитивниот устав што го изработила комисијата никогаш не бил воведен. Меѓутоа, војската не ѝ се покорила на новата власт, туку им останала верна на демократите. Кога се одметнал речиси целиот Хелеспонт и кога се прочуло дека атинската морнарица била катастрофално поразена кај Еретрија (на Пелопонез), а речиси целата Еубеја се одметнала, народот во Атина се побунил и се собрал на Пикна, а потоа го соборил Советот, по четиримесечна власт. По соборувањето на власта бил воведен олигарскиот устав според кој граѓански права имале сите луѓе кои служеле како хоплити.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Objašnjenja i napomene“, во: Aristofan, Lisistrata. Beograd: Rad, 1963, стр. 95.