Пирамида во Чолула

За другите значења на поимот видете ја страницата за појаснување.

Голема пирамида во Чолула или Тлачиуалтепетл (наватл: Tlachihualtepetl, вештачка планина) е голем археолошки споменик крај градот Чолула во централно Мексико. Тоа е најголемиот споменик во светот и најголема средно американска пирамида по обем.

Реставрирано скалиштето на пирамидата во Чолула
Голема пирамида во Чолула. Се гледа вулканот Попокатепетл во позадината.

Оваа пирамида со храмот создадена е во периодот од 2 век п. н. е до раниот 16 век. Таа била посветена на богот Квецалкоатл. Нејзината основа е 450 пати х 450 метри, а висока е 66 метри. Нејзиниот обем изнесува 4,45 милиони m³, што е речиси една третина повеќе од Кеопсовата пирамида во Египет. Астеките верувале дека еден од боговите ја изградил оваа пирамида.

Денес пирамидата во Чолула дава впечаток на природна височинка. На нејзиниот врв се наоѓа Богородичната црква. Црквата ја подигнале Шпанците во 1594 година на местото каде што се наоѓал индискиот храм. Поради значајноста на оваа црква, која стана место за поклонение, пирамидата е ископана и реставрирана само во мал дел. Во самата пирамида археолозите ископале околу 8 километри тунели.

Надворешни врски

уреди