Пингвински Остров

остров во архипелагот Крозе


Пингвински Остров (француски: Île des Pingouins) — ненаселен остров во Индискиот Океан, дел од групата на Крозеови Острови. Административно, островот е дел од Француските Јужни и Антарктички Земји. Островот има вкупна површина од 3 км2 и е еден од најмалите острови во архипелагот. Овој остров е значаен за размножување на птиците.

Пингвински Остров
Карта на островот на француски.
Географија
МестоИндиски Океан
Координати46°25′S 50°24′E / 46.417° ЈГШ; 50.400° ИГД / -46.417; 50.400
АрхипелагКрозе
Површина3 км2
Должина4 км
Ширина1 км
Највисоко место340 м
Највисока точкаМаншо
Држава
Демографија
Население0

Географија

уреди

Островот се наоѓа во западниот дел на архипелагот, каде е најјужен. Островот се наоѓа на 30 километри југоисточно од Кошон и 95 километри југозападно од Посесион. Островот е мал и доста еродиран од морската вода. Бреговите се стрмни. Пингвинскиот Остров е долг околу 48 км и широк 1 км.

Сртовите на островот се високи од 50 до 300 метри. Поради ова, скоро и да не е возможно да се пристапи на островот од морето. Островот ретко е посетен.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. BirdLife International. (2012). Important Bird Areas factsheet: Île des Pingouins. Downloaded from http://www.birdlife.org on 2012-01-11.

46°25′S 50°24′E / 46.417° ЈГШ; 50.400° ИГД / -46.417; 50.400