Црква „Св. Атанасиј“ - Калишта
Во непосредна близина на манастирот Калишта, јужно од него, срасната со околните карпи, се наоѓа пештерната црква, посветена на Александрискиот архиепископ - Атанасија.
Во внатрешноста е сочуван најголемиот ансамбл на средновековното сликарство во Струшко.
Иако не се зачувани пишувани извори, стилските белези на овие фрески недвосмислено упатуваат на нивното датирање во седумдесеттите години од 14. век.
Гледајќи го сликарството во целост, зачуваните ликови на светителите и неколкуте композиции од Големите Празници, со помош на ликовните одлики на овој живопис, ни откриваат рака на вешт зограф, кој одлично го познавал својот занает, а со голема љубов ги сликал познатите ликови што го илустрираат Светото Евангелие.
Дел од живописот бил насликан и во XIX век.
Галерија на фрески
уреди„Црква „Св. Атанасиј“ - Калишта“ на Ризницата ? |