Пештера Мишарица
Пештерата Мишарица е пештера која се наоѓа на падините на ридот Понир, во близина на селото Бијели Поток, град Бања Лука, Република Српска, БиХ . Должината на пештерата е 55 метри. Пештерата Мишарица претставува живеалиште на најголемата колонија на лилјаци во Република Српска. Заштитени видови лилјаци кои живеат во оваа пештера се: Rhinolophus ferrumequinum, Rhinolophus euryale, Myotis myotis и Miniopterus schreibersi. Во пештерата се пронајдени две бронзени секири, венецијански бронзени монети, делови од керамички садови и кремен од кременарка. Оваа пештера е под заштита на Заводот за заштита на културното, историското и природното наследство на Република Српска и припаѓа на природното добро од III категорија.
Поврзано
уреди- Пештери во Република Српска
- Завод за заштита на културното, историското и природното наследство на Република Српска