Перуанско-чилеанска граница

Перуанско-чилеанска граница ― меѓународна граница во Јужна Америка. Го дели Чиле од Перу по линија што се протега на околу 10 километри северно од железничката линија Арика-Ла Паз. Границата се протега од кривината на брегот познат како „Лактот Арика“ на Тихиот Океан во внатрешноста на североисток до Андите и висорамнината Алтиплано. Границата е воспоставена во 1929 година со Договорот од Лима. Венецуелските мигранти кои сакаат да влезат во Чиле ја избегнуваат перуанско-чилеанската граница бидејќи таа е подобро чувана од боливиско-чилеанската граница.[1]

Карта на поморските и копнените делови на перуанско-чилеанската граница.

Тромеѓата меѓу Боливија, Чиле и Перу се наоѓа во висорамнината Анкомарка во близина на селото Висвири.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Torres, Cristián (3 февруари 2021). „Una crisis humanitaria desborda a pequeños pueblos del norte de Chile por la masiva llegada de migrantes venezolanos“. Infobae (шпански). Посетено на 23 декември 2023.
  2. González Cortez, Héctor; González Miranda, Sergio (2018). „Ancomarca, la comunidad escindida. La frontera entre Perú, Chile, y los Aymaras del Tripartito“ [Ancomarca, the divided community. The border between Peru, Chile and Aymaras of the Tripartite]. Aldea Mundo (шпански). Universidad de los Andes. 23 (45): 7–22.