Периха тапакуло или Scytalopus perijanus е вид на птица врапчевидни птици од фамилијата Rhinocryptidae (тапакули). Ендемична на планинскиот венец Серанија дел Периха на границата Колумбија - Венецуела, птицата може да се најде на надморска височина од 1600-3225 м. Телото на птицата е долго 10-12 цм а неговата опашка е околу 4цм долга. Примероците долго време се чуваат во музеи, но видот бил опишан дури во 2015 година врз основа на шеснаесет примероци пронајдени помеѓу јули 2008 и февруари 2009 година. Се смета дека е ранлив на истребување.

Таксономија

уреди

Овој вид птици се најпримитивното семејство на субосцини, поделени на 12 рода кои содржат 60 видови. [1] Scytalopus, родот на кој припаѓа Scytalopus perijanus, има изобилство на слични видови, од кои многу е тешко да се класифицираат според изгледот.[1] Вокални студии и митохондриска ДНК анализа често се користат за да се направи разлика помеѓу видовите во родот; низа визуелно идентични видови претходно класифицирани како подвидови на S. Magellanicus се идентификувани преку овие методи, а поголемиот дел од подвидовите во родот последователно се рекласифицирани како посебни видови.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Krabbe, N.K.; Schulenberg, T.S (2020). „Tapaculos (Rhinocryptidae)“. Во del Hoyo, J.; Elliott, A.; Sargatal, J.; Christie, D.A.; de Juana, E. (уред.). Handbook of the Birds of the World Alive. Barcelona: Lynx Edicions. doi:10.2173/bow.rhinoc1.01. Архивирано од изворникот на 14 April 2015. Посетено на 1 October 2015.

Надворешни врски

уреди