Необична галаксија

(Пренасочено од Пекулијарна галаксија)

Необична галаксија (или пекулијарна галаксија) — галаксија со необична големина, облик или состав,[1] и сочинуваат 5-10 отсто од познатите галаксии.[2] Астрономите разликуваат два вида необични галаксии: заемоделувачки и активни галактички јадра.[3]

ESO 162-17 — пример за необична галаксија оддалечена 40 милиони светлосни години во соѕвездието Кобилица.

Кога двете галаксии ќе се доближат, нивните гравитациски сили ги обликуваат во мошне неправилен облик.[4] Поимите „необична“ и „заемодејствувачка“ галаксија денес се поистоветени бидејќи највеќето необични галаксии се создаваат со вакви заемодејства.[2]

Образување

уреди

Научниците претпоставуваат дека многу необични галаксии настануваат со судир меѓу две или повеќе галаксии.[4] Како такви, необичните галаксии имаат повеќе активни галактички јадра отколку обичните, што укажува дека имаат супермасивни црни дупки.[2][4] Многу вакви галаксии имаат ѕвездени распснувања (епизоди на брза ѕвездообразба) поради галактичкото спојување.[2] Периодите на зголемена ѕвездородна активност и сјајност доаѓаат од галактичките јадра, што предизвикува малку посина боја.[2]

Изучувањето на необичните галаксии дава увид во образувањето и развојот на другите видови галаксии.[2] Американскиот астроном Халтон Арп во 1966 г. го објавил делото „Атлас на необични галаксии“ каде се претставени ваквите галаксии, изјавуваќи дека „необичностите на галаксиите прикажани во овој атлас претставуваат растројувања, изобличености и заемодејства кои ни овозможуваат да ја анализираме природата на вистинските галаксии кои ги гледаме и кои се предалеку за да можеме на нив да вршиме непосредни проби.“

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „peculiar galaxy“. Daviddarling.info. 2007-02-01. Архивирано од изворникот на 2016-10-06. Посетено на 2012-08-14.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Higdon, James L. Peculiar Galaxies. doi:10.1888/0333750888/2626.
  3. „Peculiar Galaxies“. www.cliffsnotes.com. Посетено на 2016-12-05.
  4. 4,0 4,1 4,2 Millis, John P. „Peculiar Galaxies“. space.about.com. About.com. Посетено на 17 December 2014.

Надворешни врски

уреди