Диоскорид
(Пренасочено од Педаниј Диоскорид)
Педаниј Диоскорид (старогрчки: Πεδάνιος Διοσκουρίδης, Pedianos Dioskorides; ок. 40 – 90 AD) бил грчки лекар, фармацевт, ботаничар и автор на De Materia Medica (старогрчки: Περὶ ὕλης ἰατρικῆς) — 5-томна енциклопедија за хербалната медицина и сродните медицински супстанции (фармакопеја), која на широко била употребувана повеќе од 1,500 години. Диоскорид работел како лекар во римската армија.
Диоскорид | |
---|---|
Диоскорид добива корен од мандрагора | |
Роден(а) | ок. 40 н.е. Аназарб, Киликија, Мала Азија |
Починал(а) | ок. 90 н.е. |
Познат(а) по | De Materia Medica |
Родот на растенија Dioscorea бил наречен во чест на Диоскорид од страна на Лине.