Пат со чемпрес и ѕвезда

Пат со чемпрес и ѕвезда — можеби една од најдлабоките и најсимболичните слики на холандскиот уметник Винсент ван Гог - исто така познат како „Селски пат во Прованса ноќе“, работена на платно во 1890 година. Таа е последната слика што ја направил во Сен-Реми во Прованса, Франција.

Пат со чемпрес и ѕвезда
Road with Cypress and Star
Творец Винсент ван Гог
Година 1890
Димензии 92 см × 73 см
Место Музеј Крелар-Милар, Отерло, Холандија

Сликата е дел од големата колекција на Ван Гог на музејот Крелар-Милар, сместена во националниот парк во Отерло во Холандија.

Сликата е создавана со брзи, снажни потези, со густо нанесена боја. Некои ја сместуваат во постимпресионистички стил, но како и во сите негови дела, тој е автентичен, оригинален, тешко дека може да биде сместен така лесно и компаративно во некаков стил, тој е секогаш оригинален и не припаѓа на ниедна школа, правец, влијание. Неговите пораки се директни, снажни, емотивни и духовно длабоки. Во ова дело, Ван Гог, не само што продрел во психологијата на ликот, тој ја изнесол на некој начин својата длабока меланхолија, осаменост, напуштеност и аскетска посветеност на творештвото. Сликата остава силен впечаток врз гледачот, затоа што е директна, уметнички снажна и искрена.

Сликата го рефлектира чувството на сликарот за смртта. Преку нејзините симболи и севкупната поетска и симболична атмосфера претставен е живот „во контекст на бесконечноста и вечноста“.

Ѕвездата и полумесечината од двете страни на дрвото, се еден вид на „космичката перспектива “ и сугерирање на „универзум исполнет со љубов“.

Наводи

уреди