Патриција Мантерола

Берта Патриција Мантерола Кареон попозната како Патрициа Мантерола е родена на 23 април 1972[1][2][3][4] година во Мексико. Таа е мексиканска ѕвезда, е моден творец, пејачка, глумица и модел истовремено. Нејзината глумечка кариера започна на само 8 години во драмата АННИЕ, додека музичката на 17 зачленувајќи се во групата Гарибалди.

Патрициа е една од најголемите латино ѕвезди во Америка, Шпанија и Италија а во последно време и на Балканот.Како што е претходно наведено на само 17 години во 1989година ја започна својата пејачка кариера како една од 8-те членови во тогаш мега популарната група Гарибалди. Тие беа заедно до 1994 година. Откако групата се распадна Пати продолжи како солист.Тогаш ја изведе и една од првите свои солистички песни која беше хит Regalame una rosa-Подари ми една роза. Подоцна го издаде и својот албум првенец како солист - насловен како Hambre de amor - Гладна за љубов. Во 1995 година ја започна и својата професионална глумечка кариера во серијата Cuerpo y alma - Тело и душа со Саул Лизасо. Таму ја пееше и насловната нумера во серијата. Серијата беше емитувана во 63 различни земји низ светот, а Пати доби награда за филмско откритие на годината. 1996 година го издаде и својот втор албум насловен како Nina bonita - Убаво девојче. 1997 г. ја снима и серијата Gente bien-Добри луѓе и филмот Сувенир. 1998 во Лос Анџелес ја снима серијата Angeles - шпанска верзија на Чарлиевите ангели. Истата година го издава и својот трет албум Quero mas- Сакам повеќе. На 17 април 1999 година се мажи со Хавиер Ортиз -бивш член на Гарибалди со кого претходно беше во врска 10 години, тие беа во брак 5 години. Во 2000 година снима 2 филма во Јапонија за тамошна позната продукција. Потоа следи филмот Hazzar in Hooliwood во продукција на HBO-TV. Истата година се собираат со Гарибалди и прават турнеја насловена Собир 10. 2001 снима уште еден филм во САД. Во 2002 го издава повратничкиот албум Que el ritmo no pare снимен и во англиска верзија The rithym. 2003 година - во Шпанија снима нов албум Dejame volar- Остави ми да летам. Во 2004 ја снима серијата Apuesta por un amor- Облози за една љубов таму глумеше во главната улога заедно со Хуан Солер и овде ја пееше насловната нумера. 2007 следува серијата Destilando amor- Опиени од љубов. И двете серии беа емитувани во Македонија. 2009 година го снима филмот The perfest game-El huego perfecto. 2009 го издава својот најнов и што е најважно автобиографски албум Ya termine-Завршив

Приватен живот

уреди

Пати има брат - Хорхе, поголем од неа 11 месеци и помала сестра - Мишел која од неа е помлада за точно 8 години. Пати и Мишел имаат роденден на ист ден. Нивни родители се Хорхе Мантерола и Марија Долорес Карион. Инаку и нејзината сестра е дел од Мексканскот шоу-биз На 12 декември 2010 година се венчала со Форест Колб.

Извори

уреди
  1. „Велике звезде: Патриша Мантерола (Шпански)“. Архивирано од изворникот на 2013-07-28. Посетено на 2012-11-19.
  2. Биографија Патрициа Мантерола на Унивисион (Шпански)
  3. „Профил Патрициа Мантерола на ИМДБ (Шпански)“. Архивирано од изворникот на 2010-10-28. Посетено на 2012-11-19.
  4. „Биографија Патрициа Мантерола АскМен (Шпански)“. Архивирано од изворникот на 2013-03-02. Посетено на 2012-11-19.