Патна турнеја за климатски решенија
Патната турнеја за климатски решенија, е одржана помеѓу 2 јануари и 4 февруари 2009 година и била проект инициран од Индиската младинска климатска мрежа која започнала во Чена, Индија.[1] Алексис Рингвалд и Керолин Хау (и двете од Универзитетот Јеил ) ја предводеле турнејата.[2] Десет членови на индиската младинска климатска мрежа, група танчери од танцовата група Шијамак Давар и бендот на соларна енергија „Солар Панч“ поминале повеќе од 3.500 километри.[3][4]
Целта на турнејата била дефинирана како:
„Помош на младите преку овој проект со превземање на нивните идеи и нивното спроведување за решенија за климатските промени. Сега е време за акција; да се создаваат, комуницираат и прославуваат нови идеи“.[4]
Патната тура која започнала во Чена на 2 јануари 2009 година, опфатила 15 големи градови вклучувајќи ги Бангалур,[5] Хајдерабад, Пуна, Мумбај, Ахмедабад, Џајпур, Делхи, Удаипур, Дунгарпур, Тилонија и Гоа. Турнејата успешно завршила на 5 февруари во Делхи. [6]
Наводи
уреди- ↑ „Indian Climate Solutions Road Tour begins“. The Hindu. 2009-01-02. Архивирано од изворникот на 2009-06-23.
- ↑ „On road, battling climate change“. Hindustan Times (англиски). 2009-01-19. Посетено на 2023-12-24.
- ↑ „Climate Solutions Road Tour - Indian Youth Climate Network“ (англиски). 2023-03-29. Посетено на 2023-12-23.
- ↑ 4,0 4,1 „Youth caravan on mission against climate change“. The Times of India. 2009-01-05. ISSN 0971-8257. Посетено на 2023-12-25.
- ↑ „Indian Climate Solutions Road Tour Arrives in Bangalore“. Business Gyan. 2009-01-02. Архивирано од изворникот на 2009-09-29. Посетено на 2024-10-13.
- ↑ „REVA completes Climate Solutions Road Tour“. India Infoline. 2009-02-05.