Патка превез
Патка превез | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Гусковидни |
Семејство: | Anatidae |
Потсемејство: | Aythyinae |
Род: | Netta Kaup, 1829 |
Вид: | N. rufina |
Научен назив | |
Netta rufina (Pallas, 1773) |
Патка превез (Netta rufina) е голема нуркачка патка. Нејзините живеалишта се мочуриштата и езерата во јужниот дел на Европа и Средна Азија, а зимата ја преседуваат во Индискиот Потконтинент и Африка. Тие се донекаде и преселници, а северните птици презимуваат само во јужна Африка.
Патката превез ја има и во Македонија.
Опис
уредиВозрасниот мажјак е претпознатлив по неговата заоблена, портокалова глава, црвен клун и црни гради, крилјата им се бели, грбот кафеав, а опашката црна.
Женките се воглавно бледо кафеави со црна позадина и белузлаво лице. Овој вид птици се прекрасни, формираат големи јата во зима, но често се мешаат со другите нуркачки патки како што се црвеноглавиот кожувар.
Исхрана
уредиОвие патки главно се хранат преку нуркањето, а највеќе јадат водни растенија.
Размножување
уредиПатката превез гради гнездо покрај езера со бујна вегетација и несат околу 8-12 бледо зелени јајца. Тие се најбројни околу области на Англија, вклучувајќи го и Глостер, Оксфордшир и Нортемптоншир. Патката превез е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици (AEWA).
Наводи
уреди- ↑ „Netta rufina“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 11 May 2006. Entry includes justification the status of "Least Concern".
Надворешни врски
уреди„Патка превез“ на Ризницата ? |