Паскал Таскин

француски изработувач на чембала и пијана

Паскал-Жозеф Таскин (француски: Pascal-Joseph Taskin) (1723-1793) бил француски изработувач на чембала и пијана. Денес се останати само седум негови чембала (сите со два мануела) и сите се одлични примери за доцната француска школа на изработка на чембала. Тие се одликуваат со топол, богат тон, петоктавен дијапазон и 2x8', 1x4' плус диспозиција. Особено изучувано, копирано и свирено е негово чембало од 1769 до таа мера што, по тоа, ги надминува сите други во светот.

Портрет на Паскал Таскин
Таскиново чембало

Таскин, како многу други француски изработувачи, реконструирал останати „Рукерс“ инструменти за да го зголеми нивниот дијапазон, но исто така правел фалсификат на Рукерсови инструменти. Последниот Таскинов инструмент за кој знаеме е двојно чембало кое датира од 1788, и има резонатор на чија розета стои „Andreas Ruckers“ и истата е насликана во фламански стил.

Наводи

уреди
  • Kottick, Edward: A History of the Harpsichord. Bloomington, IN, Indiana University Press, 2003