Парохијата на тажниот ѓавол
Парохијата на тажниот ѓавол (српски: Parohija tužnoga đavola) – збирка раскази на српскиот и југословенски писател Бранко Ќопиќ.
Содржина
уредиЗбирката содржи 24 раскази:[1]
- Старец со торба (Starac s torbakom)
- Дете пред окнотот на тишината (Dječak pred oknom tišine)
- Скаменети Цигани (Okamenjeni Cigani)
- Последното патување на Шемсо мечакарот (Posljednje putovanje Šemse međedara)
- Одачи (Hodalice)
- Пролет (Proljeće)
- Римјанин без тога (Rimljanin bez toge)
- Покојниот Ѓука Патник (Pokojni Đuka Putnik)
- Ѓаволот и маѓепсничката (Đavo i vračara)
- Еден бран (Jedan talas)
- Кај обесениот (Kod obješenika)
- Дваесетмина под камбаната (Dvadesetorica ispod zvona)
- Побунетиот машиновозач (Pobunjeni mašinovođa)
- Пријатели (Prijatelji)
- Зима (Zima)
- Другарот на полјакот (Poljarev drug)
- Пустото бостаниште (Pusto bostanište)
- Сонувачи на патиштата (Sanjari na drumovima)
- Илија на раскрсницата (Ilija na raskršću)
- Царот на Бекез (Car na Bekezu)
- Исклучително доживување (Izuzetan doživljaj)
- Приказна за добрата кучка (Priča o dobroj kuji)
- Кравата со дрвена нога (Krava s drvenom nogom)
- Приказна за Римјаните (Priča o Rimljanima)
Критички осврт кон збирката
уредиРасказите во оваа збирка настанале во годините непосредно пред Втората светска војна. Книгата е оценета како бисерен медал на прозата на Ќопиќ. Во неа е опишан далечниот свет од сеќавањата на едно занесено дете – светот на босанските селани меѓу двете светски војни,. Збирката е полна со скитници, пијаници, просјаци, сакати и очајни луѓе, свет којшто се состои од сиромашни, прости луѓе кои се незадоволни од својот живот, но немаат волја да се оттргнат од својата беда. Расказите се напишани со лирски, благ хумор во стилот на Чехов и со примеси на реализмот од традиционалните селски приказни.[2]