Паркинг-сетилник — сетилник за близина, кои се користат во возилата и го олеснуваат паркирањето на возачот, со давање сигнали доколку возилото е блиску до некој ѕид или друго возило. Овие сетилници можат да работат на принцип на електромагнетни бранови или ултразвук.

Ултразвучен паркинг-сетилник

Ултразвучни системи

уреди

Овој вид на сетилници, користат ултразвучни сетилници за присуство кои го мерат растојанието од околните објекти преку сетилници кои се наоѓаат на браникот од автомобилот.

Овие сетилници емитуваат акустични звуци, а контролен уред го мери времето за кое звукот се одбил, а со тоа го мери растојанието. Сетилникот го известува возачот за близината преку звучни сигнали, со различен звук за различна далечина. Сетилниците може да ги прикажуваат информациите преку LED или LCD екран.

Задните сетилници може автоматски да се активираат кога се вози назад, а да се деактивираат кога било која друга брзина е пуштена. Предните сетилници може да се пуштаат рачно и да се деактивираат автоматски при постигнување на одредена брзина, со цел да нема непотребни известувања.

Ултразвучните системи го користат рефлектирањето на звучните бранови, но тука има одредени недостатоци, бидејќи може да не се откријат рамни објекти или објекти кои се многу мали да рефлектираат звук - т.е. тенки објекти хоризонтално насочени према возилото, тенка шипка. Рамни објекти, кои се под агол кон сетилниците, може целосно да ги одбијат ултразвучните сигнали, а со тоа нема да се детектираат.

Електромагнетни системи

уреди

Електромагнетниот сетилник го користат бавното возење на автомобилот кон објектот кој треба да се одбегне. Штом е откриен објектот, доколку возилото застане, сетилникот дава сигнали дека има објект. Ако возилото продолжи да се движи, сигналот станува посилен и посилен поради приближувањето на објектот. Електромагнетните паркинг-сетилники кои се продаваат, не се монтираат со бушење на браникот, туку се монтираат во внатрешноста на браникот.